[ВИДЕО] Усик го победи Фјури – Светот доби апсолутен шампион во тешка категорија

Макфакс

19/05/2024

09:57

24.461

Големина на фонт

а а а

По 24 години светот на боксот има апсолутен шампион во тешка категорија. Тоа е Украинецот Александар Усик, кој по 12 извонредни рунди го совлада Британецот Тајсон Фјури во долгоочекуваниот меч.

Двајца судии гласаа за Усик (114-113 и 115-112), а еден за Фјури (114-113).

Усик тргна подобро, беше поагресивен во почетната фаза од мечот, но во шестата рунда се чинеше дека Украинецот е многу далеку од победа бидејќи беше разнишан од одличните комбинации на „кралот на циганите“.

Сепак, во деветтата рунда, Усик покажа зошто е еден од најголемите борци на својата генерација и со фантастичен бокс и различни притисоци, го нокаутира својот ривал.

Можеби судијата тука требаше да го прекина мечот, затоа што Фјури доби голем број на удари без активно да се брани и возврати. Гонгот на крајот од рундата го спаси видно дезориентираниот Фјури, а се чинеше дека Украинецот ќе успее да дојде до престана победа во следната рунда.

Сепак, Фјури „преживува“ до крајот на 12. рунда, но Украинецот победи на поени.

Борбата се одржа пред преполната „Кингдом арена“ во Ријад, а Усик сега е сопственик на сите главни титули на денешницата, во верзиите на ВБА, ВБЦ, ИБФ, ВБО (како и помалку значајната ИБО), титулата на списанието „Ринг“, како и титулата линеален шампион на светот.

Усик има совршени 22-0 како професионалец.



Спонзорирани линкови

Маркетинг