Легендарниот фудбалер пред два месеци излезе од затвор, а сега има нова фирма

Точка

18/05/2024

18:25

5.045

Големина на фонт

а а а

Само два месеци откако беше пуштен од затвор по казната од четири и пол години за силување во февруари, Алвеш најде нова работа.

Бразилецот беше ослободен од затвор на 25 март откако плати кауција од еден милион евра.

На Алвеш судот му ги одзеде бразилскиот и шпанскиот пасош, а доколку сака да ја напушти Шпанија мора да побара дозвола од судот на кој мора да се јавува секој петок.


А бидејќи од нешто треба да се живее, Алвеш започна сопствен бизнис.

Тој основал агенција која ќе претставува професионални спортисти. Компанијата се вика „OQP Sport and Management“, а покрај менаџерската работа ќе управува и со имиџот на спортистите.


Компанијата е веќе регистрирана во комерцијалните регистри на Шпанија со седиште во Барселона и основачки капитал од 30.000 евра.




Спонзорирани линкови

Маркетинг