Фјури ги разбесни Украинците по изјавите за војната: „Каков патетичен губитник си ти, ти ја скрши главата во рингот“

Точка

19/05/2024

13:02

27.173

Големина на фонт

а а а

Двајца судии ја бодувале борбата 115:113 и 114:113 во корист на Усик, додека еден од судиите бодувал 114:113 во корист на Фјури. За Британецот ова е прв пораз во кариерата, а неговата изјава по борбата ги разлути Украинците.

Олександар Усик во фантастичната борба на векот беше подобар од Тајсон Фјури и славеше по поделена судиска одлука. Клучниот момент во мечот се случи во деветтата рунда, кога ѕвончето го спаси Фјури од нокаут. Боксерите се менуваа во доминацијата, но на крајот повеќе рунди отидоа на страната на Усик кој по 25 години ги обедини сите титули и стана апсолутен боксерски шампион. Фјури веднаш побара реванш, и го доби.


„Мислам дека јас сум победник во оваа борба. Тој доби неколку рунди, но јас добив повеќе. Но, неговата земја е во војна, па застанаа на негова страна и му ја дадоа победата. Ова беше една од најлошите одлуки во историјата на боксот“, изјави Фјури.


Љубителите на боксот и експертите сметаат дека Усик заслужено победил и дека оваа изјава на Британецот е непотребна.


„Усик требаше да биде прогласен за победник веќе во деветтата рунда. Со канонада од удари направи да му се тресат колената на Фјури. Затоа победи, не затоа што земјата му е во војна“, „Фјури, поради вакви изјави си кукавица“, „Каков ужасен губитник“, „Не, не победи бидејќи е Украинец, туку затоа што те уништи во рингот. Прифати го поразот како маж“, „Фјури очигледно заборавил дека во пораз мораш да бидеш голем, а очигледно не се сеќава дека во рингот се тетеравеше како Бамби. Го спасија ѕвончето и судиите. Каков патетичен губитник“, гласат некои од коментарите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг