Навивачите на Денвер се посрамотија во поразот од Минесота, на удар се најде и Јокиќ

Дерби

07/05/2024

12:00

4.462

Големина на фонт

а а а

Денвер го загуби и вториот меч на домашен терен од Минесота и изгледа доста лошо на стартот на полуфиналната серија на Западот, па сега „волците“ се во добра ситуација да режираат големо разочарување за актуелниот НБА шампион.

Минесота целосно го разби тимот на Мајк Мелоун на вториот меч и славеше со 80:106, а во зваршницата од мечот навивачите на Денвер го покажаа и своето најлошо лице.

Добар дел од фановите си заминаа од „Бол арената“ и престанаа да му даваат поддршка на тимот, но оние кои останаа решија да се исмеваат со своите херои.

Навивачите пееја „напред волци“ и ги бодреа гостинските кошаркари кои го полнеа кошот на нивниот тим, меѓутоа покажаа непочитување и кон Никола Јокиќ.

Како резултат на потпросечната партија која ја имаше Србинот, навивачите на Денвер решија да му фаќаат сеир и на Јокиќ, па скандираа „МВП“ во ситуација кога Едвардс изведуваше слободни фрлања.



Спонзорирани линкови

Маркетинг