Тен Хаг по бламажата на „Селхрст парк“: Јас сум вистинскиот човек за Јунајтед!

Дерби

07/05/2024

10:56

940

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед забележа само една победа на последните седум меча во Премиер лигата и продолжи да паѓа на табелата, па сега е осми и надвор од местата кои гарантираат европски фудбал наредната сезона.

Јунајтед се посрамоти на „Селхрст парк“ и загуби 4:0 од Кристал Палас, а после сите големи неуспеси оваа сезона, фановите се погласно бараат отказ за Ерик Тен Хаг.

Дел од новинарите по мечот го прашуваа Холанѓанецот дали можеби размислува за оставка, но Ерик и натаму е убеден дека тој е вистинскиот човек за Јунајтед, без оглед на катастрофалната форма во која влезе тимот во завршницата од сезоната.

– Апсолутно, јас сум вистинскиот човек за Јунајтед. Ако ги имам најдобрите играчи, тимот е навистина добар. Голем дел од најдобрите играчи не се достапни и овојпат ни недостасуваше речиси цела стартна четворка во дефанзивата. Имавме големи проблеми, а тоа не прогонува цела сезона.

– Ќе продолжам да се борам, се обидувам да го подготвам тимот на најдобар можен начин за секој меч. Не бевме доволно добри, преземам одговорност за поразот, но ќе пронајдам енергија и ќе се подготвам добро за неделниот меч со Арсенал. Ова е под нашите стандарди и не бевме доволно добри. Навивачите беа зад нас и денеска и треба да играме фудбал онака какошто тие стојат зад нас.

– Не размислувам за мојата иднина, имаме големи проблеми и се фокусирам како да го подобрам тимот. Мој фокус е да ги подобриме перформансите на натпреварите кои преостануваат, – изјави Тен Хаг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг