[ФОТО] Ја сметаат за една од најубавите жени, а еве како изгледала пред естетските зафати: Фаталната Романка го маѓепса светот, но ја крие вистината за нејзиниот изглед

Точка

23/04/2024

16:01

5.517

Големина на фонт

а а а

Родена е во Слатина, Романија пред 36 години. Започнала да се занимава со манекенство како 15-годишна тинејџерка, по што се преселила во Италија, каде живее и денес. Соработувала со модниот бренд „Gattinoni“, а потоа започнала да се занимава со актерство.

Мадалина Генеа не крие дека нејзин идол е познатата италијанска актерка Софија Лорен, со која и ја споредуваат поради физичкиот изглед. Таа била пред неколку години во друштво на оваа дива, на отворањето на италијански ресторан кој го носи името на познатата Италијанка. Но, многумина се сомневаат дека нејзината сличност со Софија Лорен и раскошната убавина што ја краси денес не се дело на природата.

Мадалина деновиве била фотографирана во Милано, а нејзиниот пролетен уличен стил е многу инспиративен.


Поради нејзината привлечност, многумина ја нарекуваат фатална жена, па дури и најубавата жена на светот. Тука се и нејзините улоги во филмовите „Youth“, „Zoolander 2“ и „House of Gucci“ како одраз на нејзината желба актерската кариера да ѝ биде што е можно поуспешна.


Генеа, која често и ја критикуваат дека ги уредува своите фотографии за социјалните мрежи, има многу специфичен стил на облекување, па така најчесто се појавува во раскошни, гламурозни фустани со кои ги следи трендовите, но ја става својата атрактивност во преден план.


Многу се зборуваше и за тоа дали пластичните операции направиле да личи на Софија Лорен. Оние кои не веруваат дека нејзината убавина е природна, ја приложуваат оваа фотографија како „доказ“.

Според фотографијата и тогаш ја красела природна убавина, но повеќе од очигледно е дека Мадалина оттогаш значително се променила. За тоа придонела и промената на имиџот, но изгледа дека не останала само на тоа - усните изгледаат пополни, носот помал и позаоблен, очите го добиле популарниот „мачешки изглед“...


Дури и ако ѕвездите не сакаат да зборуваат за промените во нивниот изглед, тука се фотографиите од минатото да нè потсетат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг