„Шизик на Ризик“ македонски моден бренд кој го оживува нашето културно наследство и го слави локалниот идентитет

Точка

23/04/2024

10:57

5.335

Големина на фонт

а а а

Доколку сте во потрага по уникатно парче на гардероба, со дизајнерски печат, а кое е одраз на традицијата, културата и животот во нашата земја, тогаш македонскиот бренд за облека „Шизик на ризик“ е изборот.

Парчиња гардероба со одличен квалитет и уникатен дизајн, креирани за храбри умови, за смели индивидуи со желба да се биде свој и поразличен од другите. Дизајнерски моден бренд од Скопје, наменет за смели дечки и девојки кои се подготвени да ги бркаат своите соништа.

Секое парче од „Шизик на Ризик“ раскажува приказни за богатото минато и динамична сегашност на животот во Скопје, но и за останати знаменитости и културни обележја на нашата земја.


Дуксери, плетени капи, snapback капи, долен веш hot&red, маици со креативни дизајн решенија, блузони со кратки ракави, детски маици …..со референците на НАСА, Бушава азбука, амбалажата на цигарите „Филтер“ и Камени Мост…и многу повеќе!. А пакувањето е посебно изненадување…

Наспроти светската мода во која најчесто доминираат брзи и минливи модни трендови, „Шизик на Ризик“ претставува оживување на културното наследство и славење на локалниот идентитет преку симболите што протекуваат од секојдневниот живот на граѓаните, телевизиските шоуа со кои пораснале, знаменитостите проткаени со спомени…


Бренд кој го слави културното богатство на Македонија

Шизик на Ризик“ се стреми да ја редефинира националната модна гордост. Во време кога глобализацијата се заканува да ги припои културните идентитети, овој бренд е потсетник на уникатноста и автентичноста. На еден извонредно урбан начин брендот ги поттикнува младите граѓани на нашата земја да ги негуваат своите корени со самодоверба.

Па така, спојот на македонски симболи во модните дизајни како “Сидро“ (симбол на Охридското езеро), „Поп“ (симболот на градот Охрид – Свети Климент), легендарната „Делфина“, испреплетени со иконичните македонски пиперки или имињата на охридските кајчиња, создаваат волшебен наратив кој му оддава почит на културното наследство.


Овој уметнички потфат е пример за длабокото влијание на богатите традиции на Македонија врз современата креативност, беспрекорно споени во уникатен моден сувенир.

„Шизик на Ризик“ е моден доказ за извонредната убавина што лежи во прифаќањето на сопственото културно наследство.


„Шизик на ризик“ има своја дигиталната адреса (http://www.sheezicknareezick.com) а продавнивата се наоѓа во центарот на Скопје на ул. Васил Главинов 10, во близина на „Кастом паб“ и Шпанската абмасада, а продавница има и во Охрид.

Мотивирани од иницијативата „Да направиме место за вистински да се поврземе“ на Македонски Телеком, во рубриката „Добри вести“ на Точка ќе споделуваме приказни кои го осветлуваат позитивното, надежното и инспиративното. Да #НаправимеМесто за посветло утре, за повеќе разбирање, емпатија и блискост.




Спонзорирани линкови

Маркетинг