[ВИДЕО] Оваа девојка од Африка дошла во Бања Лука и го освоила срцето на Марко: „Одам на кафе да озборувам како и сите Балканци“

Точка

22/04/2024

22:36

5.716

Големина на фонт

а а а

Дваесет и шест годишната Ѓамила Станиќ е родена во Република Зелен ’Рт, а на осум години со семејството се преселила во Бостон. Сепак, од минатата година, поради љубовта дошла во Бања Лука.

Шармантната Ѓамила веќе 4 години е во брак со Марко Станиќ, кого го запознала во Бостон, а поради кого се преселила во Република Српска. Таа станала популарна на социјалните мрежи благодарение на нејзините интересни видеа во кои често со воодушевување зборува за храната и луѓето на овие простори.

Таа е многу активна на социјалните мрежи, каде што говори за своите искуства на Балканот и ги споредува со Западот.


Така, таа неодамна објавила видео на „TikTok“, на нејзината страница @blackbalkangirl и направила разлика помеѓу животот во САД и во нашиот регион.

Таа вели дека трошоците за живот на Балканот се поевтини, дури и со овдешните плати. Покрај тоа, здравственото осигурување е практично бесплатно, додека во Америка чини многу повеќе.

„Луѓето овде се пољубезни, поспонтани и секогаш расположени за кафе. Таму сè планирате со месеци однапред“, зборувала Ѓамила.


Таа ја истакнала и разликата во продавниците. Имено, на Балканот клиентите сами си мерат овошје и зеленчук, додека во САД тоа не е случај.

Освен тоа, на Балканот секаде полесно се движи пеш, додека во американските градови неопходен е автомобил.

Во едно од претходните видеа таа спомна дека Балканците почесто излегуваат на кафе, додека Американците повеќе сакаат вечера.


„Овде луѓето имаат подобар социјален живот, поминуваат време со пријателите и семејството, додека во Бостон не е лесно поради зафатениот начин на живот“, вели Ѓамила.

Таа додава дека во повеќето балкански земји може да се пуши во ресторани и кафулиња, додека во САД е дозволено само надвор.

„Во Бостон е забрането од 2004 година“, објаснила таа.

Во едно од нејзините видеа кои ги објавува на „TikTok“, таа опишала што сè прават жените од Балканот и што нејзе најмногу ѝ се допаѓа.


„Јас сум жена од Балканот, секако дека одам на кафе само за да озборувам.“

„Дами, одиме.“

„Јас сум жена од Балканот, секако дека се средувам кога одам во продавница.“

„Јас сум жена од Балканот, секако дека умеам да одам на штикли.“

„Ја сум жена од Балканот, секако дека сум одлична домаќинка.“

„Дојдете на гости.“





Спонзорирани линкови

Маркетинг