Клоп: Можеби среќата конечно ќе ни се насмевне

Дерби

22/04/2024

15:02

1.966

Големина на фонт

а а а

Јирген Клоп беше прилично резервиран пред мечот со Фулам и нагласи дека Ливерпул ќе отпадне од битката за титулата ако не освои три бода, но откако неговиот тим оствари уверлива победа од 1:3, Германецот малку посветло гледа на работите.

Германскиот стручњак имаше можност еднаш да се израдува на титуалта во Премиер лигата и тоа се случи за време на пандемијата со коронавирусот, па тој и фудбалерите не можеа да уживаат заедно со своите навивачи кои имаа забрана да бидат на трибините.

Во сите други случаи, Ливерпул остана пократок во намерата да стигне до трофејот во битките со Манчестер Сити, но Клоп се надева дека среќата можеби ќе им се насмевне овојпат.

– Еднаш станавме шампиони во кој буквално ја „убивме“ конкуренцијата и немаше неизвесност. За жал, тогаш беше малку поинаква атмосфера, фановите не беа на стадионите и со нив сигурно ќе беше поинакво чувството. Во сите останати трки за титулата, ние на крајот губевме. Важно за нас и тогаш беше да ја држиме возбудата до последното коло, па таков е планот и сега.

– Ако го задржиме ова темпо до крајот, можеби ќе ни се насмевне среќата. Мора да се обидеме да победиме на што повеќе натпревари до крајот, да останеме во трката до самиот крај. Во вакви ситуации, потребно е да имате и малку среќа на крајот, истото им треба и на останатите два ривали. Очекувам интересна трка до крајот и среќен сум што се уште сум дел од неа. Арсенал победи, ние победивме, и Сити ќе победи на својот заостанат меч. Мора да победуваме до крајот и да чекаме да ни се насмевне среќата, – изјави Клоп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг