Пике: Дали имаше грабеж од Реал? Самите си давате одговор

Дерби

22/04/2024

14:59

1.945

Големина на фонт

а а а

Жерард Пике во минатото беше најгласен пред и по „Ел Класико“ пресметките кои ги играа Реал Мадрид и Барселона, а поранешниот стопер на каталонците не остана тивок и по вчерашните случувањата на „Бернабеу“.

Реал Мадрид двапати правеше пресврт и на крајот славеше со 3:2, но мечот беше исполнет и со контроверзни ситуации, од кои отскокнуваат досудениот пенал и „фантомскиот гол“ кој не беше признат.

Јутјуберот Ибаи Ланос побара одговор од Пике за најспорните моменти на „Ел Класико“, а Пике во свој препознатлив стил даде одговор и алудираше дека Реал повторно бил фаворизиран од судиите.

– Дали имаше грабеж од Реал? Штом ме прашувате, самите си давате одговор…. Изгледа дека имало. Се обидувам да бидам објективен, но за мене не е пенал ситуацијата со Лукас. Играчот на Реал е тој што го бара контактот, Лукас бараше да се удри во Кубарси. Стоперот на Барса не се помрдна и не сакаше да направи ништо. За мене тоа не е пенал, но кога судијата го досуди, луѓето од ВАР немаат право да се мешаат.

– Исто така сметам дека Јамал постигна гол. Не ми е јасно како Ла Лига нема гол-технологија, иако Тебас вели дека не функционирала добро во другите лиги. Треба да има барем камера на стативите, не може да се тврди дали било, или не било гол, – изјави Пике.



Спонзорирани линкови

Маркетинг