„Извинете што имам добри гради“: Актерката со „убиствено“ деколте ѝ возврати на продуцентката која ѝ порача дека не е убава и дека не знае да глуми

Точка

22/04/2024

13:17

3.567

Големина на фонт

а а а

Актерката Сидни Свини објави неколку атрактивни фотографии на Инстаграм, а една фотографија го привлече вниманието на корисниците на оваа мрежа.

Имено, Сидни неодамна го посетила Мексико, а како што може да се види од објавата, доброто расположение и забавата со блиските пријатели биле во прв план. Сепак, една фотографија предизвика лавина коментари кај нејзините следбеници...

Имено, моментално една од најпопуларните актерки во Холивуд позирала облечена во дуксер со натпис: „Извинете што имам добри гради“.

Како што пишува „Daily Mail“, Сидни со овој потег им го возврати ударот на сите хејтери кои веруваат дека поради изгледот добива филмски и телевизиски улоги. Да бидеме попрецизни, овој одговор бил веројатно упатен до холивудската продуцентка Керол Баум која истакна дека Сидни „не знае да глуми“.

Како што навела, до овој заклучок дошла откако го гледала филмот „Anyone But You“ во кој Свини ја игра главната улога.


„Сакав да знам која е таа и зошто сите зборуваат за неа“, изјавила Керол, пренесува „Page Six“. „Побарав да ми ја објаснат оваа девојка. Не е убава, не знае да глуми. Зошто е толку привлечна? Никој немаше одговор“, рекла таа.

Секако, актерката не сакала да молчи на ваквите прозивања, па за првпат кратко одговорила:


„Ако тоа е она што таа го научила со децении работа во индустријата, и ако смета дека е соодветно на тој начин да ги подучува учениците, тоа е срамно“, рече таа. „Неправедното омаловажување на колешките доволно говори за карактерот на госпоѓа Баум“, истакнала Сидни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг