Три дена музика, летна атмосфера и илјадници насмевки го одбележаа овогодинешното издание на Д Фестивал, кој повторно го претвори Штип во центар на најдобрите фестивалски доживувања во земјата.
Со над 100 домашни, регионални и светски артисти, меѓу кои Борис Брејча, ДЈ Премиер, Марко Настич и македонските Дупер, Страјк и Дј Гоце, повеќе од 80 концерти на пет различни сцени и богата програма надвор од музичките настапи, 16. издание на фестивалот уште еднаш потврди дека одамна прерасна во многу повеќе од музички настан. Д Фестивал е простор каде што се поврзуваат различни генерации, култури и интереси, а музиката создава заеднички искуства и спомени што траат долго по неговото завршување.

Покрај настапите на светски и регионални музички имиња, посетителите уживаа и во Т зоните на Македонски Телеком, каде забавата продолжи и надвор од музичките сцени. Со интерактивни игри, изненадувања, подароци и активности за сите генерации, Телеком беше место каде фестивалџиите можеа да наполнат позитивна енергија и да создадат нови спомени.

Т зоната беше едно од најдинамичните места, каде што секој посетител можеше да создаде свое уникатно фестивалско доживување. Токму поради интерактивниот и забавниот карактер посетителите имаа можност да учествуваат во динамични предизвици, да играат фудбал и пикадо, да се фотографираат, да освојат подароци и да поминат време со своите пријатели и семејства. Просторот се разви во вистинско место за дружба, нови познанства и споделени моменти, покажувајќи дека највпечатливите фестивалски искуства се создаваат и надвор од сцената, помеѓу настапите на омилените артистите.

Во атмосфера исполнета со насмевки, добра музика и позитивна енергија, Д Фестивал докажа дека е место каде што сите се добредојдени, а највредните спомени произлегуваат токму од заедничките доживувања, создавајќи единствени фестивалски искуства. Телеком, како долгогодишен поддржувач на музиката, забавата и младинската култура, уште еднаш покажа дека најдобрите фестивалски приказни се создаваат кога добрата музика, позитивната енергија и споделените моменти се на едно место. Преку ваквите партнерства, компанијата придонесува фестивалите да се развиваат во оригинални, забавни искуства што се издвојуваат, каде што музиката, културата и технологијата се спојуваат во едно уникатно доживување.








