Следете го вашиот нос: Знаете ли кој град во Европа мириса најубаво?

Точка

20/04/2024

13:04

4.896

Големина на фонт

а а а

Постои погрешно сфаќање дека градовите мирисаат лошо. Сите тие луѓе, сето тоа ѓубре, сите тие подземни канализации...Но, утврдено е дека некои метрополи мирисаат прилично добро. Неодамнешното истражување на "HAYPP" ја осветли оваа занемарена страна на урбаниот живот, анализирајќи 30 главни градови во Европа и пошироко за да утврди кои од нив мирисаат најубаво.

Истражувачите разгледувале фактори како се чистотија и пропорција на цвеќари, пекари и парфимерии за на секој град да му доделат „мирисен рејтинг“. И градот кој се нашол на врвот на листата бил Атина во Грција. Грчката престолнина е најмиризливиот град на светот.


Замислете го ова: арома на свежо овошје од уличните пазари, билки и грчки деликатеси кои се шират низ воздухот. Атина е рај за вашите сетила, постигнувајќи оценка од 8,3 од 10 на мирисната скала.


Атина исто така е цветен рај кој може да се пофали со 31 цвеќара и 22 парфимерии на 10 квадратни километри, што значи дека нивниот мирис се шири на секој агол од градот. Ангажманот на градот за чистотата исто така се одразува и во неговиот индекс за еколошка изведба кој добил оценка од 56.2. Следниот пат кога ќе го планирате вашето патување, не го следете вашето срце, следете го вашиот нос.


Иако Атина можеби го заземала првото место, вреди да се набројат и другите градови кои се нашле на оваа листа.

1. Атина, Грција

2. Париз, Франција

3. Цирих, Швајцарија

4. Даблин, Ирска

5. Луксембург

6. Никозија, Кипар

7. Копенхаген, Данска

8. Букурешт, Романија

9. Валета, Малта

10. Амстердам, Холандија