„Може да биде и многу полошо“! Како Израел одговори на 300-те ирански проектили со напад со само неколку ракети и порача: „Немате шанси“

Точка

19/04/2024

21:43

5.488

Големина на фонт

а а а

Извори за „Jerusalem Post“ потврдија дека Израел во нападот на Иран погодил средства на иранските воздухопловни сили во Исфахан, речиси веднаш покрај нуклеарната локација на Исламската Република во истата област.

Пораката беше непогрешлива, одлучивме овој пат да не ги погодиме вашите нуклеарни места, но можевме да направиме нешто многу полошо, токму таму, рекле извори за „Post“.

Израел во четвртокот ги известил американските службеници за својот план да изврши напад на Иран во наредните 24-48 часа, наведува „Bloomberg“.


Израел му прати јасна порака на Иран

Со други зборови, нападот во Исфахан е осмислен не само за да му наштети на Иран, туку и јасно да стави до знаење колку неговите нуклеарни локации се ранливи на напади.

Како што е кажано, нападот е внимателно испланиран како одмазда на нападот на Иран од минатата недела кога пратиле 300 проектили и дронови на територијата на Израел.

Потсетуваме, израелската ПВО со помош на западните сојузници собори 99% од иранските проектили.

Ракетите со долг досег од авион биле користени да се избегне можност од радарска детекција од Техеран.

Израелската порака е тоа може да се повтори во било кој момент, како и дека може да се случи нешто многу полошо.

Во исто време, со тоа што не ги нападнал нуклеарните локации во Исфахан, Израел му сигнализирал на Иран дека не сака судирот да ескалира во голема регионална војна.

Нијансиран напад

Ова било многу нијансиран напад на средина на патот, осмислен оптимално да се закани за во иднина, но и да ја намали веројатноста за уште еден ирански противудар откако Исламската Република лансираше околу 350 воздушни закани на Израел минатиот викенд.

Дали тактиката на Израел, да го спречи Иран да напредува со својата нуклеарна програма и да го одврати од нов удар на Израел, како и истовремено да избегне ескалација во поголема војна, ќе видиме во наредните денови и недели.

„Во моментов никој не сака војна“

„Во овој момент никој не сака војна со Иран“, рекол Натан Ешел, близок соработник и поранешен шеф на кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанхају, во изјава која во петокот ја подели партијата Ликуд.

„Им докажавме дека можеме да пробиеме и да го оштетиме нивниот домен, а тие во нашиот не успеаја. Поважни се пораките од расправијата. Моментално имаме поважни задачи во Газа и Либан, народот е благословен што има лидер како Нетанјаху“, рекол тој.

Зошто Израел не прифаќа одговорност

Израелските службеници и владини извори за „Jerusalem Post“ во петокот изјавиле: „Око за око, заб за заб. Израел возврати таму каде што е нападнат“.

Во базата Кирја во Тел Авив, премиерот Бенјамин Нетанјаху и комплетното безбедносно и дипломатско раководство се присутни веќе 24 часа, во координација со регионалните партнери во Јордан, Египет и Саудиска Арабија, кои наводно му ветиле помош на Израел.

Меѓутоа, Израел сè уште не прифаќа одговорност за нападот на Иран.

Последните часови, земјите во регионот му пренеле на Израел пораки дека доколку Иран нападне, тука се да помогнат.

Меѓутоа, службениците на Израел нема засега да ја прифатат одговорноста за овој напад од стратешки причини. Изворите објаснуваат дека Иранците тврдат дека тоа било експлозија во фабрика бидејќи сакаат да избегнат ескалација. Израелски извори за „Post“ рекле дека не е јасно зошто Пентагон им открил на американските медиуми дека Израел е вмешан. Можеле да молчат и да го сочуваат достоинството на Иран и самите да избегнат ескалација на ситуацијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг