Моќна жена, свесна која е и што е – Викторија Бекам го слави 50 роденден, а себеси си го честиташе на совршен начин: „Мојата амбиција беше да ги охрабрам жените...“

Точка

17/04/2024

13:00

6.237

Големина на фонт

а а а

На денешен ден, 17 април, Викторија Бекам го прославува својот 50 роденден.

Глобално познатата модна дизајнерка Викторија Бекам заокружи една деценија од својот живот и тоа со широкa насмевка и на високи потпетици.

Некогашната пејачка денеска полни 50 години и ја зграпчила можноста да се осврне на својот живот, семејство и деловни остварувања во топла и искрена порака на социјалната мрежа Инстаграм.


„Додека се подготвувам да наполнам 50 години (секако во високи потпетици), се чувствувам благословено што успеав да стигнам до тука и да бидам на оваа пресвртница од животот. Благословена, но и остварена и длабоко задоволена. Не само за тоа каде сум како жена туку и за тоа колку далеку стигнаа моите модни и козметички производи.

Мојата амбиција секогаш беше да ги охрабрам жените и да направам да се чувствуваат како најдобра верзија од себе. За мене тоа значеше дека верувам во својот инстинкт и дека никогаш не правам компромиси со својата креативна визија“, напишала Викторија Бекам.

Бекам во 2008 година го започна својот бренд на козметика чие име е „Victoria“.

Во објавата која ја споделила таа се осврнала и на својата кариера и успех кои ги остварила, велејќи дека пресвртот и случувањата произлегле од нејзината желба да има големи соништа кои ќе ги оствари.

„Верувам дека можете да бидете многу работи. Поп ѕвезда, мајка, жена, дизајнер... Мојата страст отсекогаш беше да сонувам големи соништа, а потоа и уште поголеми. Верувајте прво во себе, па сите останати ќе ве следат.


Доколку сте навистина среќни, ќе најдете некој којшто верува во вас повеќе отколку вие самите во себе“, напишала Викторија во објавата и го означила својот сопруг Дејвид Бекам кому исто така му се заблагодарила за безусловната поддршка и љубов како и за прекрасните деца кои ги имаат.

„Ова е почетокот на новото поглавје, а јас штотуку земам замав“, завршила Викторија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг