Примерок од стрип од 1938-ма година во кој за прв пат се појавува Супермен е купен за рекордни шест милиони долари, објавила аукциската куќа „Heritage Auctions“, која го продала минатата недела.
Стрипот е продаден на анонимен купувач по најскапа цена досега, наведе „Heritage Auctions“, пренесува „VOA“.
Таа аукциска куќа го опишува стрип изданието на „Action Comics #1“ како „најважен стрип некогаш објавен“ и наведува дека Супермен, кој се појавил во пролетното издание во 1938-ма година „останува неверојатно сличен“ на верзиите кои можеме да ги видиме во стриповите и на телевизија денес.
Освен што во тој стрип за прв пат се појавува „Човекот од челик“ во него дебитира и ликот Лоис Лејн, новинарката која е „симпатија“ на Супермен.
„Heritage Auctions“ пренесува дека проценката на „Certified guaranty company“, сервис специјализиран за стрипови, дека моментално во светот постојат уште околу 100 примероци од овој стрип, кој, пред 86 години, го печатела компанијата „National Publications“, во тираж од 200.000 примероци.
Со цената од 6 милиони долари надминат е претходниот рекорд во продажба на стрип, чиј главен лик исто така бил Супермен. Тој стрип во 2022-ра година бил платен 5,3 милиони долари, наведува „Sertified Guaranty Company“.
И други примероци од истиот стрип во текот на претходните години биле плаќани во милионски суми, вклучувајќи еден продаден за 3,56 милиони долари во 2021-ва.
Овој примерок е продаден во склоп на четиридневна аукција од ретки стрипови за неколку познати суперхерои.