Комити и Чкембари: Иако сме ривали, сакаме да го направиме спортот место за разбирање и солидарност

Точка

05/04/2024

15:30

6.123

Големина на фонт

а а а

Секогаш кога во земјава ќе се спомене поимот „спортски ривали“, умот веднаш ни оди кон скопските Комити и битолските Чкембари. Нивното жестоко ривалство кое се протега низ цели четири децении ја симболизира желбата за докажување кој има поубав град, поуспешен клуб, подобри навивачи – но и докажува дека нивниот ривалитет доаѓа од истата желба и страст за спортот кој го сакаат.

Различни градови, различни бои, различни клубови. Постојат толку многу работи по кои се разликуваат навивачките групи „Комити“ и „Чкембари“, но колку и да бегаат од себе, сепак ривалството е комплетно само ако постојат двете страни од него.


Приказната за ривалството помеѓу Комити и Чкембари започна во сега веќе далечната сезона 1989/90, во Скопје, кога дошло до судир меѓу скопските панкери и мал број битолски навивачи кои оделе во тоа време да навиваат за Вардар, кој во тоа време бил најпознат македонски фудбалски клуб. На тој натпревар каде противник беше идниот европски шампион Црвена Ѕвезда, навивачите од западната трибина започнале пресметка со допатуваните членови на Чкембари и со тоа означиле почеток на едно култно ривалство. А историјата на тема Вардар – Пелистер и Комити – Чкембари оттогаш само се зајакнува. Тие го одиграа и првото финалето во Купот на Македонија на 23 мај 1993-та Го реши Жанко Савов во 88-ма минута, кој тие денови направи тазе трансфер од Пелистер во Вардар, што повторно ги подгреа страстите.


И ден денес, тие се ривали – во фудбал, во ракомет, во кошарка, но и надвор од спортот. А сепак, двете навивачки групи се свесни дека истата страст ги одржува во живот и дека нивниот ривалитет само ја надополнува и онака богатата приказна на нивните два омилени клубови.

Она што го прави ова ривалство посебно е фактот што многупати досега овие навивачки групи покажаа дека ривалството се заборава кога е потребна солидарност. Само минатата година, поддржувачите на Вардар покажаа голема хуманост кога најавија дека сите средства кои ќе ги собрат од гостувањето во Кратово ќе ги донираат на еден член на „Чкембари“ кој при пожар остана без својот дом. Но, поддршка имаше и од другата страна – „Чкембарите“ масовно купуваа членски карти од ФК Вардар со цел да им помогнат на скопските „Комити“ да го спасат нивниот омилен клуб од банкрот.


Ваквиот пример, инспириран од спортот, но спроведен во уште поважниот дел од нашите живот, треба да претставува мотивација за сите да заборават на разликите и да ги согледаат оние работи кои се заеднички за сите нас. Бидејќи, на крајот од денот, постојат многу повеќе работи кои нѐ поврзуваат отколку работи што не разделуваат.

Мотивирани од иницијативата „Да направиме место за вистински да се поврземе“ на Македонски Телеком, во рубриката „Добри вести“ на Точка ќе споделуваме приказни кои го осветлуваат позитивното, надежното и инспиративното. Да #НаправимеМесто за посветло утре, за повеќе разбирање, емпатија и блискост. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг