„Renault“ по три децении го гаси производството на овој популарен компакт, ќе продолжи само како електричен кросовер

Точка

03/04/2024

16:55

11.400

Големина на фонт

а а а

Компактниот модел на француската марка се повлекува од производство до крајот на април. „Renault“ не планира да развива негов директен наследник, а името „Megane“ ќе продолжи да живее само како електричен кросовер.

Пред три години „Renault“ официјално лансираше електричен „Megane E-Tech“. Иако новиот модел го носи истото име како и компактниот модел на француската марка, се верувало дека популарноста на името „Megane“ ќе ја привлече јавноста со првиот електричен модел на новата генерација, но тоа не се случи.

Со паралелно лансирање на електрична верзија, „Renault“ сугерираше дека обичниот „Megane“ со „SUS“ мотори нема да се произведува уште долго. Сега речиси дојдовме до тој момент кога во целост ќе се збогуваме од стандардното „Renault Megane“. Компактниот француски модел ќе биде повлечен од производство до крајот на овој месец. Моментално „хечбек“ верзијата се произведува во Шпанија, додека седанот „GrandCoupe“ се произведува во Турција, нагласува „Klix.ba“.


„Renault Megane“ прв пат е лансиран во 1995-та година како замена за „Renault 19“. Од тогаш до денес „Renault“ лансираше четири генерации, но „Renault“ покрај овој модел нудел и разновидна понуда од различни варијанти, од купе до седан, преку практичен караван, потоа атрактивен кабриолет, па се до сестраниот миниван „Scenic“. „Renault“ со првиот „Megane“ и неговите деривати направи вистински бум на пазарот, со оглед на тоа дека испорачал повеќе од пет милиони автомобили.

Првата генерација доживеа редизајн во 1999-та, пред во 2002-ра година да биде заменета со втора. Третата генерација дебитираше во 2008-ма година, а четвртата и воедно последна итерација на „Renault Megane“ со мотор со внатрешно согорување е лансирана во 2015-та година. Втората генерација била најконтроверзна поради нетипичниот дизајн и тоа влијаело на лошата продажба. Актуелниот модел доживеа редизајн во 2020-та година, а со него „Megan“ по три децении ќе оди во историјата.


Трендовите се менуваат и класичните компакти сe сè помалку барани на пазарот. Затоа францускиот произведувач на автомобили не планира производство на наследник на стандардниот модел. Наместо тоа, со оглед дека „Renault“ не сака во целост да го напушти овој сегмент, „Megane“ индиректно би требало да биде заменет со два идни модели на „Dacia“ кои моментално се во развој под кодно име „C-Neo“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг