[ФОТО] Инфлуенсерката Христина Пан со прекрасни вести: „Видете кој си дојде дома денес“

Точка

03/04/2024

12:45

4.500

Големина на фонт

а а а

Инфлуенсерката Христина Младенов, позната како Христина Пан, на својот Инстаграм профил денес сподели прекрасна вест за својата ќеркичка. Имено, таа ги извести своите следбеници дека ќерката Тара си дојде дома.

„Видете кој си дојде дома денес. Уште една голема и претешка битка победивме, ПОБЕДИ ХЕРОИНАВА... мала, а НАЈГОЛЕМА!

Имаме уште малку за војување, ама сѐ што треба да знаете е дека Тара е добра, фала му на Господ, фала на цел медицински персонал...“, напиша Христина во опис на фотографијата со својата ќерка Тара и сопругот.

Христина ги има своите две ќерки близначки, кои ги доби по неколкугодишната борба со неплодност за што таа искрено и отворено споделуваше со своите следбеници на социјалните мрежи. Некое време пред првиот роденден на девојчињата, Христина со јавноста сподели дека една од ќеркичките се соочува со болест и ќе мора да прима хемотерапија.

Со многу позитивни мисли и сила, денес оваа мајка споделува среќна вест за нејзината Тара, вистинска хероина!

Ние можеме да кажеме едно огромно БРАВО и да им посакаме многу среќа на Тара и нејзиното семејство!

Мотивирани од иницијативата „Да направиме место за вистински да се поврземе“ на Македонски Телеком, во рубриката „Добри вести“ на Точка ќе споделуваме приказни кои го осветлуваат позитивното, надежното и инспиративното. Да #НаправимеМесто за посветло утре, за повеќе разбирање, емпатија и блискост.




Спонзорирани линкови

Маркетинг