[ВИДЕО] Возач на „Toyota“ катапултиран откако се обидел да биде „фраер“ на плажа

Точка

02/04/2024

16:11

8.733

Големина на фонт

а а а

Последните денови на социјалните мрежи се шири видео кое прикажува навистина нереална несреќа во која за среќа никој не настрадал.

Летал како испукан од топ

Снимката ја прикажува песочната плажа Абу Ал Хасаниа во Кувајт и „Toyota FJ Cruiser“ кој вози кон снимателот. Во еден момент доаѓа до губење на контрола на големото „SUV“ возило, што доведува до повеќекратно превртување на возилото. Во текот на несреќата возачот кој евидентно не е врзан со појас, излетува преку прозорецот на автомобилот и лета неколку метри во воздух.

За среќа, летнал во плиткото и така избегнал потешки повреди. Дека овој 34-годишен возач е роден под среќна ѕвезда, покажува и минималното растојание од автомобилот кој сопрел доволно за да не го згмечи. Со оглед на тоа дека успеал да истрча на безбедно, може да се заклучи дека навистина избегнал потешка повреда.

На мајсторот му е одземен автомобилот

Што се однесува до автомобилот, многу е изгледно дека ќе заврши во „ѓубре“. Двете превртувања и солената вода направиле штета која не е исплатливо да се санира.

Како што јавува „Arab Times“, полицијата брзо пристигнала на местото на несреќата и ја запленила „тојотата“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг