NASA ги претстави првите три научни инструменти кои ќе ги користи во месечевата мисија во 2026

Точка

29/03/2024

17:43

8.290

Големина на фонт

а а а

NASA избра ги првите научни инструменти дизајнирани за астронаутите што ќе се користат на површината на Месечината за време на Артемида III.

Артемида III е првата мисија која ќе ги врати астронаутите на површината на Месечината по повеќе од 50 години. Мисијата ќе го истражува јужниот поларен регион на Месечината, во географска ширина од 6 степени од Јужниот Пол.
Засега, NASA откри само три алатки кои планира да ги користи за време на преокретната мисија.


Кој се научните инструменти на NASA:

LEMS

Првиот инструмент е „Станицата за мониторинг на лунарната средина“ (LEMS).
Тоа е составено од мал сет на сеизмометри кои ќе го мерат континуираното движење од месечевите потреси.

Под надзор на Мехди Бена од Универзитетот во Мериленд, алатката ќе работи самостојно за да ја изучува кората на Месечината.

Во очекување е LEMS да собира континуирана база на податоци помеѓу три месеци до две години.

LEAF

Следнениот инструмент е за „Лунарните ефекти врз земјоделската флора“, или LEAF, кое ќе ги истражува ефектите на површината на Месечината врз космичките култури.

LEAF ќе биде првата алатка која ќе ја изучува фотосинтезата, растот и системскиот стрес на растенијата во космичката радијациска околина, објасни NASA. Овој иновативен експеримент е воден од Кристин Ескобар од Space Lab Technologies во Болдер, Колорадо.


LDA

Последниот инструмент е „Лунарниот диелектричен анализатор“ (LDA), кој ќе ја мери способноста на реголитот дали може да пропагира електричното поле.
Реголитот е регион на слободни камења и прашина кој седи врз горниот на слој на камен.

Анализирањето на месечевиот реголит е „клучен параметар во пребарувањето на месечинските испарливи материи, особено мразот“, објасни NASA.
Откако алатките ќе бидат инсталирани во близина на Јужниот Пол на Месечината, трите инструменти ќе собираат вредни научни податоци за лунарната средина.

Тие исто така ќе им помогнат на научниците да ја анализираат лунарната внатрешност, кон цел за во иднина да може еден ден да изгради човечка колонија на Месечината. Сите овие податоци ќе и помогнат на NASA еден ден, се надеваме наскоро, да испрати астронаутите на Марс.


„Артемида означува нова ера на истражување, каде човечкото присуство ги засилува научните откритија“, рече заменикот администратор на NASA, Пам Мелрој.

„Со овие иновативни инструменти стационирани на површината на Месечината, започнуваме трансформација во патувањето кое ќе нè направи способни за водење на тим од човек-машина во вселена – тоа е целосно нов начин на вршење наука“, додаде таа.

„Овие три научни инструменти беа избрани за да ги започнат научните истражувања кои ќе ги адресираат клучните научни цели за од Месечината да стигнеме до Марс.“


АРТЕМИДА III

Целта на Артемида III на NASA е да ја истражи темната страна на Месечината, која никогаш не е свртена накај Земјата. Мисијата со екипажот се надева да ја испрати и првата жена и личност од боја на површината на Месечината.


Во моментов, се вели дека NASA е на прав пат со своите планови за 2024 година, но сите ракетни испраќања не се поставени во камен и многу фактори може да ги вратат назад денови, или дури и месеци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг