Лажниот Маск ја чинел една жена 50.000 долари: Добила барање на Инстаграм, а завршила како жртва на измама

Точка

26/04/2024

19:32

5.861

Големина на фонт

а а а

Илон Маск ви пишува на Инстаграм и бара 50.000 долари, што ќе помислите? Верувале или не, на една Јужнокорејка ништо од ова не ѝ изгледало сомнително.

Секако, оваа жена која сакала да остане анонимна за локалните медиуми во Јужна Кореја, кажала дека била измамена и дека изгубила 50.000 долари поради личност која се преправала дека е Илон Маск.

Измамата започнала на Инстаграм каде жртвата, голем обожавател на Маск, добила барање за пријателство од профил којшто тврдел дека е токму шефот на „Tesla“. На почеток, како што кажала жената, била скептична.


„Минатата година доживеав нешто како сон. „Маск“ ме заследи на Инстаграм. Иако бев голем обожавател на Маск откако ја прочитав неговата автобиографија, на почеток се сомневав дека ова е вистина“, навела таа.

Меѓутоа, измамникот продолжил да ја убедува жената така што ѝ испраќал фотографии од Маск додека е на работа, како и фотографии од неговата „лична карта“. На крај таа поверувала дека станува збор за вистинскиот Маск, најмногу затоа што разговарале за детали од приватниот живот на овој милијардер.

„Овој „Маск“ зборуваше за своите деца и доаѓањето со хеликоптер на работа во Tesla или SpaceX“, рекла таа.

Измамникот дури ѝ говорел за состанокот на Маск и јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол во април 2023 година, велејќи дека разговарале за градење на гигафабрика на „Tesla“.

Довербата понатаму била воспоставена во текот на deepfake видео во кое измамникот ѝ кажал на жената дека ја сака.


После тоа на жената ѝ претставил лажна „можност за вложување“, тврдејќи дека на тој начин сака да ги награди своите најголеми обожаватели.

„Рече дека по случаен избор ги контактира фановите и дека е среќен кога тие се збогатуваат“, објаснила жената.

На крај, ѝ испратил број од корејската банкарска сметка ѝ ја убедил да префрли 50.000 долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг