На интернет настана хаос поради облините на Џенифер Лопез создадени од вештачката интелигенција

Точка

20/04/2024

16:06

18.832

Големина на фонт

а а а

Фотографиите од Џенифер Лопез, кои неодамна се појавиле на интернет, започнале лавина од коментари поради нејзините облини.

Неодамна на социјалните мрежи се појави фотографија од Џеј Ло во провокативен жолт фустан, кој ги истакнува сите нејзини атрибути.

Меѓутоа, иако фотографијата набрзо станала вирална, многу корисници на платформата „X“ забележале неколку проблеми со неа. Главна ставка биле нејзините колкови и гради, а доколку се погледне и малку подобро, дури и лицето не личело во целост на популарната пејачка.

Со пребарување на интернетот не можело да ѝ се влезе во траг на оваа фотографија, односно на кој настан настанала, што било уште едно „црвено знаме“.

Сепак, објаснувањето набрзо пристигнало, а тоа е дека станува збор за вештачка интелигенција, што всушност и лесно можете и самите да го забележите.

На речиси секој профил кој ја објавил споменатата фотографија, самата социјална мрежа „X“ додала неколку предупредувања за содржината:

„Ова е дигитално изменета слика од Џенифер Лопез направена со помош на вештачка интелигенција“.

„Ова е „AI“ слика. Не постојат резултати во пребарувањето на Гугл“.

Сепак, ние мислиме дека не мораше да бидеме предупредени, прилично е очигледно, зарем не?




Спонзорирани линкови

Маркетинг