10 цитати кои можат да ви го променат животот на подобро: „Доколку наидете на пат без препреки, тој веројатно не води никаде“

Точка

28/03/2024

18:49

5.086

Големина на фонт

а а а

Мудите цитати кои потекнуваат од мудрите луѓе се она што им е потребно на сите кога доаѓаат тешки денови. Кога ќе почувствувате дека ништо не ви оди, направете пауза и поминете низ оваа листа од 10 познати, мотивациони цитати.

 Овие внимателно одбрани изјави можат да ви помогнат да имате нова визија за себе и за реалноста. Со други зборови, познатите цитати ќе ве поттикнат почесто да ја гледате полуполната, а поретко полупразната чаша. Читајте ги секогаш кога и да почувствувате потреба за збор кој ќе ви даде храброст и сила да сакате да победите.


Испечатете ги и ставете ги на видно место за кога ќе се чувствувате лошо да се инспирирате од мудрите зборови и да станете господар на вашите емоции.

1. „Ништо не е повредно од овој ден.“ – Гете

2. „Животот е како возење велосипед“ Со цел да ја одржиш рамнотежата, мораш да продолжиш да се движиш.“ – Алберт Ајнштајн

3. „Постојат само два типа на луѓе во светот: оние кои се обидуваат да ја пополнат внатрешната празнина и оние, ретките, кои се обидуваат да ја видат таа празнина.“- Ошо

4. „Нашата најголема слава не е во тоа што никогаш не паѓаме, туку во тоа што се издигнуваме секогаш кога ќе паднеме.“ – Конфучиј

5. „Треба да сакате да бидете силни. Во спротивно, тоа никогаш нема да бидете.“ – Фридрих Ниче


6. „Сите знаат дека одредени нешта се неостварливи, додека не се појави некој кој тоа не го знае и направи тие да се случат.“ – Алберт Ајнштајн

7. „Многумина не успеваат затоа што не сфатиле колку биле блиску до успехот пред да се откажат.“ – Томас Едисон

8. „Изгледај слабо кога си силен и силен кога си слаб.“ – Сун Цу

9. „Доколку наидете на пат без препреки, тој пат веројатно не води никаде.“ – Џон Ф. Кенеди

10. „Благодарен сум на сите кои ми кажаа „не“. Поради нив успеав.“ – Алберт Ајнштајн




Спонзорирани линкови

Маркетинг