Мозокот расте во текот на генерациите: Родените во 70-тите имаат 7% поголем мозок отколку родените во 30-тите

Точка

28/03/2024

18:03

3.639

Големина на фонт

а а а

Резултатите од најновото научно истражување на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Калифорнија укажуваат дека со текот на генерациите човечкиот мозок станува сè поголем, пишува научниот портал „ЈАМА неуролоџи“ (JAMA Neurology).

Со проучување на испитаниците во таа студија, заклучено е дека луѓето родени во 70-тите години на минатиот век имаат речиси седум отсто поголем мозок и 15 отсто поголема површина на мозокот од луѓето родени во 1930-тите години.

Иако причините за ваквите промени не се јасни, истражувачите веруваат дека зголемувањето на големината на мозокот придонесува за подобрување на општото здравје и значително го намалува ризикот од деменција во подоцнежниот живот.


„Судејќи по сè, деценијата во која некој е роден влијае на големината на мозокот, како и на долгорочното здравје на овој важен орган“, говорел еден од учесниците во истражувањето, професор Чарлс ДеКарли.

Генетиката има пресудна улога во формирањето и големината на човечкиот мозок, но добиените податоци укажуваат дека надворешните фактори како социјалните, културните и образовните имаат значително влијание врз развојот на тој орган и неговиот волумен, нагласил ДеКарли.

Истражувањето, кое е резултат на долгорочни студии на тоа поле, при што е користена техниката на магнетна резонантна томографија (МРИ), започнала во 1948 година во американскиот град Фрамингтон, кога во тој период учествувале 5.200 жени и мажи на возраст помеѓу 30 и 62 години.


Tоа истражување трае веќе 75 години и денес вклучува и учесници од втората и третата генерација на испитаници.

Добиените резултати недвосмислено покажуваат дека кај луѓето родени во седумдесеттите години на минатиот век, во однос на оние родени четири до пет децении порано, настанале промени, односно дека одредени области на мозокот биле зголемени.

Процесот на зголемување е постојан и се случува бавно, но постојано од деценија во деценија.


Во прилог на тоа тврдење биле презентирани и податоци кои покажуваат дека просечниот волумен на мозокот на луѓето родени во 1930-тите бил 1.234 милилитри, додека луѓето родени во 1970-тите имале просечен волумен на мозокот од 1.321 милилитар, односно речиси седум отсто повеќе.

Во истиот период, забележано е и зголемување на просечната површина на мозокот од 2.056 на 2.104 квадратни сантиметри.

Ваквите промени во големината и волуменот на мозокот се поврзани и со постепено намалување на бројот на случаи на Алцхајмерова болест и други форми на деменција кај постарите лица.


Претходните студии покажале дека во САД, и покрај зголемувањето на бројот на жители, а со тоа и на бројот на стари лица, од 1970-тите бројот на луѓе кои страдаат од деменција се намалува за околу 20 проценти по крајот на секоја деценија, напоменал ДеКарли.

 



Спонзорирани линкови

Маркетинг