Погледнете кои се најскапите намирници на светот: За да ги пробате, потребно е да потрошите голема сума пари

Точка

28/03/2024

16:00

9.966

Големина на фонт

а а а

Во светот постои цела низа намирници кои се со толку високи цени што многу луѓе никогаш не ги пробуваат. Во прилог неколку намирници кои поради нивната цена и поретка застапеност, дури и оние кои можат да си ги дозволат, не ги консумираат постојано.

Шафран

Шафранот е еден од најскапите зачини во светот, а цената за килограм достигнува околу 2.500 долари кога се купува на големо, додека продажната цена на мало оди многу повисоко. Цената е делумно оправдана кога ќе се земе предвид фактот дека за половина килограм шафран е потребно да има 75.000 цветови.


Цветот на шафран цвета само една недела годишно и собирањето на овој зачин е многу профитабилна, но напорна работа.

Риба Фугу

Една порција риба Фугу може да чини околу 200 долари. Оваа риба не е загрозена не е тешко да се фаќа, но тајната на високата цена лежи во подготовката. Рибата Фугу содржи смртоносен отров и само најголемите експерти можат да ја подготват за јадење. Готвачите мора прво да поминат тригодишна обука за да можат да работат со риба Фугу, а сето тоа се одразува на цената.


Денсуке лубеница

Тешко е да се поверува дека една лубеница може да биде толку скапа, но токму такви лубеници се продаваат во Јапонија. Бидејќи е лубеница која бара многу простор и неколкумесечна интензивна нега, во Јапонија се продава на специјализирани аукции и се консумира само за посебни пригоди како што се свадби. Денсуке на аукција достигнува продажна цена и до 6.000 долари.


Бели тартуфи

Црните тартуфи се познати како „црни дијаманти“, но белите тартуфи се уште поскапи. Во природата особено ги има во Италија, а може да се најдат и во Хрватска, особено на Истра. За да се најде оваа вредна храна се користат дресирани кучиња и свињи, а процесот на тренирање е доста напорен. Цената за бел тартуф достигнува од 1.500 до 3.000 долари.


Говедско месо Коби

Друг скап деликатес што доаѓа од Јапонија е говедското месо Коби. Станува збор за парче црно говедско месо со маснотии што доаѓа од провинцијата Хјого. Процесот на одгледување и производство е навистина многу ригорозен. Токму затоа за еден килограм Коби може да чини и 500 долари.


Сина тука

Оваа популарна риба на јапонските пазари достигнува цена од над 700 долари за половина килограм. Цените на туната во иднина само ќе се зголемуваат бидејќи станува збор за риба која речиси исчезна од океанот поради прекумерниот риболов.




Спонзорирани линкови

Маркетинг