[ФОТО] Може да се носи како капут, фустан... Меган Маркл има моќно и прекрасно модно парче во кое ја дочека пролетта – еве колку чини

Точка

26/03/2024

16:42

6.205

Големина на фонт

а а а

Меган Маркл првиот ден од пролетта го дочекала во прекрасно модно парче кое може да се комбинира на многу начини.

Британското кралско семејство секогаш е во центар на внимание на сите медиуми, а меѓу неговите членови секогаш се истакнува Меган Маркл, војвотката од Сасекс.

Без оглед на тоа дали станува збор за нејзините деловни потези, односите со Кејт Мидлтон или модните комбинации, нема сомнеж дека секое нејзино јавно појавување е добредојдено за нејзините фанови.

Тоа било случај и при нејзиното појавување со сопругот, принцот Хари, на една изложба во Лос Анџелес пред неколку денови.

На ТикТок се појавило и видео од Меган и Хари кои стојат еден до друг, а Хари заљубено гледа во својата сопруга.

Всушност, ова е прво нивно јавно појавување откако Меган го лансираше својот бренд „American Riviera Orchard“ којшто, како што се наведува, се базира на „лајфстајл“ и готвење. Исто така се наведува дека Меган ќе прави и произведува производи, како на пример џем.

Јасно е дека Хари постојано е голема поддршка на Меган, а кога станува збор за модата, сигурно е дека сопругата секогаш ќе го засени, а тоа било случај и овојпат.

Моќното „хибридно“ парче на Меган Маркл

Станува збор за хибридно модно парче кое во зависност од останатиот стајлинг, може да се носи како фустан, како капут, како туника.

Оваа креација ја потпишува „Carolina Herrera“, а може да се најде во продажба по цена од 3000 фунти, односно 3500 евра.

Станува збор за прекрасно модно парче во црна боја, со романтични детали во вид на вез со флорални мотиви од бела и зелена боја. Меган го искомбинирала со црни панталони и црни балетанки.

Ви се допаѓа ли оваа модна комбинација на Меган Маркл?




Спонзорирани линкови

Маркетинг