Потребни се работници за најлудото работно место на светот! Еве што се мора да издржите, ова се условите

Точка

26/03/2024

20:58

5.862

Големина на фонт

а а а

Мора барем еднаш да сте размислувале да побегнете од работата која ја работите. Добро, не е лошо, но пак, уморни сте од работата со истите луѓе и слушањето на истите приказни. Секој што се чувствува така, а е жител на Обединетото Кралство, може преземе нешто по тоа прашање.

Имено, „UK Antarctic Heritage Trust“ регрутира нови членови за својот антарктички тим, а пријавите се отворени за сите жители на Велика Британија.

Да, добро прочитавте, работа се нуди на најслабо населениот и најстуден континент на светот. Базата Порт Локрој на Антарктикот, главна локација на добротворната организација, повторно вработува за да ги пополни местата на менаџери на базите, менаџери на продавници, набљудувачи на диви животни и, секако, управник на поштата за претстојната сезона од ноември 2024-та до март 2025-та.


Порт Локрој неодамна ја прослави својата 80-та годишнина, откако првобитно била поставена како тајна мисија во Втората светска војна во далечната 1944-та година. Всушност, тоа е најстарата постојана британска база на Антарктикот.

Но, местото нема само интересна историја. Островот на кој се наоѓа, Гуидер, има големина на фудбалски терен и е дом на колонија на посебен вид пингвини. Годишно го посетуваат околу 15.000 луѓе.


Звучи интересно? Па, според описот на работата, добротворната организација бара луѓе кои не се само страсни за Антарктикот, туку и отпорни, физички подготвени и способни да се придржуваат до строги протоколи. Оние кои ќе ја добијат работата ќе мора да издржат 24-часовно светло и да бидат без течна вода цели 5 месеци.