Интервју со Радмила Димова: Големите брендови имаат голема улога во општеството - Да направиме место за разбирање, емпатија и дигитален оптимизам

Точка

22/03/2024

14:33

89.853

Големина на фонт

а а а

Живееме во дигитално време, поврзани повеќе од кога било досега. Бизнисите и општествата се поврзани, живееме во паметни домови и градови, комуницираме, се забавуваме, споделуваме и работиме дигитално. Имаме технолошки алатки коишто ни даваат нови перспективи и можности. Но дали сме вистински поврзани? Многу истражувања покажуваат дека сè повеќе се затвораме и се изолираме и сè посклони сме кон конфликти и нетолеранција.

Токму на оваа тема Македонски Телеком неодамна ја започна иницијативата „Направи место“ којашто повикува на отвореност, емпатија и дигитален оптимизам. Кампањата, којашто побуди голем интерес во јавноста, почнува со моќно видео коешто ја отсликува реалноста во која живееме и инспирира промена. За причините поради кои Македонски Телеком отвора една ваква широка општествена тема и улогата којашто можат да ја одиграат големите брендови во поттикнување промени во општеството, разговаравме со Радмила Димова, одговорна за бренд и маркетинг.

Вашата иницијатива во средиштето ги става врските меѓу луѓето. Каков е поширокиот контекст?

Луѓето се социјални битија; во нашата природа е да бидеме поврзани едни со други, да остваруваме меѓусебни контакти и да градиме врски. Токму оваа карактеристика ни помогнала да опстоиме во минатото, а потоа и да jа изградиме нашата цивилизација. Врските ни ги збогатуваат и обликуваат животите, ни помагаат како заедница да ги надминеме предизвиците. И денес, светот во кој живееме е полн со предизвици. Но и покрај нашата природна потреба за поврзување и покрај сите можности што ни ги отвора технолошката еволуција, сè повеќе се оддалечуваме и се затвораме, сè посклони сме кон конфликти и нетолеранција.

Дали овие предизвици ве поттикнаа да почнете една ваква иницијатива?

Првото прашање коешто си го поставивме кога почнавме да ја развиваме платформата беше: кои се нашите најголеми предизвици, тука во Македонија, за вистински да се поврземе? Несигурните времиња и кризата во кои живееме создаваат „прекини” во поврзувањето на луѓето. Сè помалку се разбираме, а сè повеќе се зајакнува перцепцијата дека сме целосно различни едни од други ако доаѓаме од различна средина, ако имаме различна култура на живеење, различни верувања и убедувања. За жал, ова најмногу ги допира младите со интензитет којшто постојано расте. И покрај тоа што живееме технолошки поповрзани од кога било досега, прашање е дали сме вистински поврзани. Сите сме свесни дека доколку сакаме да живееме подобро, да бидеме посреќни, треба да направиме нешто околу ова. Нашиот заклучок беше дека за да се случи тоа најпрво треба да направиме место. Оттаму и името на иницијативата „Да направиме место“ којашто повикува да се отвориме, да имаме разбирање и емпатија, затоа што има повеќе нешта што нè спојуваат отколку што нè раздвојуваат.


Како е еден голем технолошки бренд како Телеком поврзан со овие општествени прашања?

Големите брендови имаат и голема улога во општеството. Затоа чувствуваме одговорност и сме подготвени да се осврнеме на некои од тензиите коишто веќе постојат, да повикаме и да помогнеме тие да се намалат. Нашата основна улога е на сите да им овозможиме активно учество во дигиталниот свет преку своите услуги и производи, да ги поврземе луѓето, да им овозможиме пристап до сите придобивки од технологијата денес. Но ние одиме чекор понатаму. Како оператор којшто ја има најголемата оптичка мрежа и којшто поврзува над 70% од корисниците на оптика во Македонија, имаме одговорност да бидеме многу повеќе од само давател на услуги којшто овозможува технолошко поврзување. Сметаме дека дигиталната технологија не e само алатка за поврзување, туку и алатка за обединување и ширење дигитален оптимизам. Сакаме да ги поттикнеме луѓето на отвореност и на меѓусебно разбирање и ги повикуваме да направат место за активно учество во создавањето еден поубав свет. Со други зборови, ние сме онаа невидлива врска којашто може да помогне за вистинско поврзување на луѓето, бидејќи свет во кој сме вистински поврзани е свет во кој се разбираме, се почитуваме и живееме подобро.

Што очекувате да се постигне со оваа иницијатива?

Иницијативата е повик за промена, но таа е првенствено повик за интроспектива. На сите ни е јасно дека промена ни треба, но каде да почнеме? Сметаме дека е правилно, но и најлесно, со таа промена да почнеме од себе, од своите ставови и од своето однесување како во физичкиот така и во дигиталниот свет. Да ги преиспитаме нашите размислувања, да провериме дали и каде грешиме, што правиме добро, а што може да биде подобро. Да направиме место за да го забележиме тоа што е добро околу нас, на пример, кога другите се љубезни кон нас, да возвратиме со љубезност – тоа сигурно го може секој од нас. Така полека и заедно можеме да си изградиме едно наше маало, наш град, наше општество, свет во кој сите ќе живееме подобро, посреќно. Дигиталната технологија е моќна алатка којашто денес ја имаме на наша страна и од нас зависи колку, како и за што ќе ја искористиме. Ние посакуваме и повикуваме да се користи за добро, вистинско, искрено поврзување коешто ќе ни донесе напредок.


Kампањата е во иста линија со творештвото на големиот Горан Стефановски. Кои прашања ги поставува тој со коишто се поврзува брендот Телеком?

Во зборовите на нашиот голем автор Горан Стефановски го пронајдовме совршениот наратив. Тој низ своите дела го разработува токму она што ние сакавме да го кажеме, со одлично избрани зборови. Тој секогаш става фокус на она што општеството го прави заедница – единството, секојдневните разговори и средби, надминувањето на разликите и сфаќањето дека постојат повеќе работи што нè спојуваат отколку што нè разделуваат. По повеќе години откако се напишани, неговите дела прикажуваат една апсолутна вистина за општеството во кое живееме – луѓе коишто се блиски, а толку далечни, коишто сакаат да се поврзат, но понекогаш не знаат како. Во нашиот бренд филм, којшто го промовиравме овој месец, заедницата е прикажана симболично преку една зграда во која луѓето се соочуваат со типични секојдневни проблеми сè додека не решат да направат место да ги надминат и со тоа да го направат животот во зградата поубав за сите.

Зградата е симбол на општеството. Таа претставува еден вид заедница каде што луѓето мора да функционираат како група. Понекогаш работите се лоши, а понекогаш се совршени – но заедницата опстојува низ секакви времиња. Токму овие предизвици ни покажуваат колку сме упорни и истрајни, колку можеме да поднесеме и колку е важно да направиме место за да ни помогнат и за да помогнеме.

Велите дека „Направи место“ е поширока иницијатива. Што ќе се случува понатаму?

Со иницијативата #НаправиМесто започнавме во март и таа ќе трае во текот на целата година за да покренеме важни прашања и да се обидеме да го најдеме одговорот за нив во приказните на луѓето околу нас. Македонски Телеком ќе ѝ обезбеди платформа на заедницата да ја раскаже својата приказна, автентично и со свој глас, за да остави пример за тоа каква може и каква треба да биде нашата реалност – полна со разбирање и оптимизам. Во следните месеци, дел од оваа иницијатива ќе бидат повеќе спортисти, домашни музичари, дизајнери, писатели, актери и влијателни лица од јавноста, коишто ќе дадат свој придонес кон надминувањето на општествените предизвици со кои се соочуваме. А се разбира, бидејќи иницијативата е насочена кон целата јавност, ќе направиме место и за приказните на луѓето од секојдневието, коишто внесуваат позитивна атмосфера во нашите животи и ги застапуваат токму вредностите за кои се залага и Телеком.



Спонзорирани линкови

Маркетинг