[ВИДЕО] Играч на Фенербахче нокаутираше хулиган додека лежеше! Девојката на друг фудбалер: „Срцето ми застана“

Точка

18/03/2024

11:07

1.945

Големина на фонт

а а а

Нигериецот Осаи-Самуел прво еден хулиган собори на земја, а потоа тргна кон друг. Неговиот соиграч Џејден Остерволд го шутна хулиганот со нога во глава.

Вистински хаос настана на неделниот натпревар меѓу Трабзонспор и Фенербахче во турското првенство. Прво во судиската надомест Доминик Ливаковиќ го погодија со паричка во глава, а потоа по последниот свиреж на судијата до сеопфатна тепачка. На теренот влетале хулигани и почнале да ги напаѓаат играчите на Фенербахче. Најлошо помина Ливаковиќ кој доби шлаканица во глава, но неговите соиграчи спречија уште поголем ќотек.

Хулиганите на Трабзонспор влетаат на терен вооружени и агресивни, а оние кои немале оружје со себе ги корнеле корнер знаменцата и ги удирале играчите на Фенер. Еден навивач тргна со корнер знаменце кон турскиот фудбалер Мерт Мулдер, но овој се спаси во последен момент.

За се ова се огласила и девојката на турскиот фудбалер, Србинката Анџела Копрена, споделувајќи снимка од драматичниот момент на својот профил на Инстаграм.

„Тука ми застана срцето за момент“, напишала потресената Анџела.


Неговиот соиграч Брајт Осаи-Самуел соборил еден, па друг хулиган на земја, и така стана вистински херој на истанбулската екипа. Прво вооружениот напаѓач го собори на под каде неговите соиграчи и членови на обезбедувањето го задржале. Неговиот соиграч Џејден Остерволд го удрил хулиганот со нога во глава.

Осаи-Самуел потоа се залетал на друг хулиган кој го нокаутирал со ММА потег. После тоа членовите на обезбедувањето ги пратиле играчите во соблекувалната, а Нигериецот станал вистински херој на тимот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг