Мареска размислува за наредната сезона: Целта е да опстанеме во Премиер лигата

Макфакс

29/04/2024

14:50

1.409

Големина на фонт

а а а

Лестер на две кола до крајот на сезоната избори пласман во Премиер лигата. Вечерва против Престон, сензационалните шампиони од 2016 година ќе имаат можност да го обезбедат првото место во Чемпионшип.

Лестер во Чемпионшип се задржа една сезона, на теренот ги предводи ветеранот Џејми Варди, а од клупата Италијанецот Енцо Мареска, кој ги откри целите на клубот за наредната сезона.

„На играчите и навивачите им беше тешко да ја прифатат реалноста дека Лестер е во Чемпионшип. Сега, кога се вративме луѓето повторно ќе размислуваат за трофеите во Премиер лигата и ФА Купот или за други работи што ги постигнавме во претходните години. Тоа се добри спомени, но реалноста сега е поинаква. Наша цел не е ниту Премиер лигата ниту ФА Купот, туку само опстанок во лигата“, изјави Мареска.

Италијанецот призна дека од срцето му паднал огромен камен кога го видел поразот од Лидс.

„Ова е успех што сите го делиме заедно, знам дека им значи многу на сопствениците, играчите и навивачите. Не беше лесно. Тука има многу добри тимови, ова е исклучително конкурентна лига. Ова е фантастичен момент за клубот и треба да славиме, но прво треба да ја завршиме работата. Решени сме да ја завршиме сезоната на прво место“, изјави Мареска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг