Иџе сподели видео: Вака се вози Ферари!

Дерби

29/04/2024

10:58

6.797

Големина на фонт

а а а

Македонскиот возач Игор Стефановски – Иџе го освои третото место во „група 1“ од трката во Рехберг, Австрија, која се бодува за Европското првенство на ридски патеки.

Ова беше прв настап за него со новото возило „Ферари 488“, поради што мораше да биде внимателен и да продолжи да „го учи“ однесувањето на автомобилот со кој претходно нема настапувано.

На трката беа пријавени 247 возачи од 18 земји, а Стефановски настапи во „Категорија 1“ (која е иста како лани), но во „група 1“ (лани возеше во „група 3“).

За освоеното трето место, Стефановски на социјалните мрежи напиша дека е „како прво“, а сподели и видео од возењето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг