Силва со солзи во очите објави дека си заминува од Челси

Дерби

29/04/2024

13:31

1.308

Големина на фонт

а а а

Ветеранот, Тијаго Силва и официјално потврди дека си заминува од премиерлигашот Челси по крајот на натпреварувачката 2023/2024.

Силва е дел од „сините“ од 2020 година, клуб во кој пристигна како слободен играч откако ја заврши приказната со Пари Сен Жермен. Во овие четири години тој со Челси ја освои Лигата на шампионите, УЕФА Супер Купот, Светското клупско првенство, а беше дел од составите кои загубија по две финалиња во англискиот Лига и ФА Куп.

- Многу ми значи Челси. Дојдов овде со намера да останам само една година и завршив четири години. Не само за мене туку и за моето семејство. Моите синови играат за Челси, па затоа е извор на голема гордост да се биде дел од семејството на Челси – буквално затоа што моите синови се тука. Се надевам дека ќе можат да ја продолжат својата кариера овде во овој победнички клуб во кој многу играчи сакаат да бидат дел.

- Мислам дека во се што правев овде во текот на четирите години, секогаш давав се од себе. Но за жа, се има почеток, средина и крај. Тоа не значи дека ова е дефинитивен крај. Се надевам дека ќе ја оставам вратата отворена за во блиска иднина да се вратам, иако во друга улога. Ама…тоа е неопислива љубов. Можам само да кажам благодарам.

- Очигледно, кога почнав овде, тоа беше за време на пандемијата, така што немаше навивачи на стадионот. Но, преку социјалните мрежи, тоа стана нешто многу посебно за мене, а потоа кога навивачите почнаа да се враќаат на стадионот и животот се нормализираше, почнав да чувствувам многу наклонетост и почит кон мојата приказна и мојот почеток овде. Веќе е тешко да се каже збогум во најнормални околности, но кога има взаемна љубов, тоа е уште потешко. Ама еднаш син, секогаш син.

- Начинот на кој дојдов во клубот, со поддршка од клубот, дојдов во клубот како лидер иако не се чувствував како да пристигнав како ново момче. Секогаш е тешко да се интегрираш, но малку по малку станав дел од групата и (Френк) Лампард одигра голема улога во тоа. Јас сум му благодарен за тоа. [Тоа беше] сон, дефинитивно сон. Ниту во моите најлуди соништа не замислував дека можам да постигнам толку големи работи и да освојам една од најдобрите професионални титули, Лигата на шампионите, во еден од најголемите клубови во светот.

- Збогувањата се за оние кои заминуваат и не се враќаат. Имам намера да се вратам еден ден, - порача Бразилецот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг