Доколку размислувате да направите здрав колач, тогаш ова е вистинскиот рецепт за вас.
Состојки:
- 5 јаболка;
- 2 зрели банани;
- 200 грама овесни снегулки;
- 150 грама бадеми;
- 2 лажици какао;
- една дланка суво-грозје;
- ќесичка прашок за печиво;
- една лажица мед;
- рендана кора од лимон или портокал;
- една лажичка цимет;
- сок од половина портокал и половина лимон;
- 30 милилитри маслиново масло.
Подготовка:
Исчистете ги изрендајте ги јаболката. Бананите згмечете ги и помешајте ги со јаболкото. Овесните снегулки, какаото и бадемите ставете ги во сечко додека не добиете текстура на брашно.
Добиената смеса помешајте ја со јаболката и бананата. Во смесата додадете ги останатите состојки (сувото-грозје, прашокот за печиво, медот, кората од лимон и портокал, циметот, сокот од лимон и портокал и маслиновото масло).
Соединете ги состојките и ставете ги во загреана рерна на 180-200 степени Целзиусови да се печат околу 35-40 минути.
Кога колачот ќе се испече ставете го преливот.
Прелив: Сок од половина портокал и лимон, 3-4 лажици мармалад од вишни или портокал, темно чоколадо и сечкани бадеми.