„Balkandad“ е познат тиктокер чија специјалност се видеата на тема Балкан – од обичаи до храна. Сето тоа го прави додека глуми типичен „татко од Балканот“ во бела веш маица со чепкалка за заби во устата, а неодамна објавил видео во кое подготвува балкански шпагети.
Ги нарекол „Spaghetti Balkangnese“, а видеото собрало над милион прегледи и десетици илјади лајкови.
„Да го видат ова, многу Италијанци веројатно не би можеле да си дојдат на себе бидејќи некои од состојките кои ги користи во ова јадење се типично балкански и немаат никаква врска со оригиналниот болоњезе рецепт.
Рецепт за „балкански шпагети“
За почеток, тој исецкал еден поголем кромид и шест чешниња лук – сето тоа го испржил, не на маслиново масло, туку во маснотии од сланина, кои ги исечкал на помали парчиња и ги испржела во тенџере. Потоа додал малку сланина исечкана на коцки, а меленото месо убаво го измешал со месото од домашниот колбас.
Месото го додал во тенџерето, сето тоа добро го измешал и сварил, а кога било речиси готово, ставил малку црвен пипер, бибер и сол – но не премногу затоа што, како што вели – месото од колбасите е веќе доволно зачинето.
Кога го измешал сето тоа, додал малку концентрат од домати и две конзерви домати со уште малку вода, промешал и варел околу три часа.
„Колку подолго готвите, толку подобро ќе испадне“, зборувал во видеото.
Шпагетите ги сварил, а потоа ги сервирал со сосот и малку рендан пармезан.
Оваа балканска верзија на болоњезе е малку полута и позачинета од класичната, италијанската, па секој кој е љубител на таква храна – дефинитивно ќе ужива.