[ВИДЕО] Натпреварувач на „Најслаба алка“ не знаел за кого е филмот „Недела“, Којо ги насмеа сите со својата комична реакција

Точка

12/03/2024

22:14

5.240

Големина на фонт

а а а

Најавувајќи ја денешната епизода од „Најслаба алка“, на официјалната ТикТок страница на квизот е споделена комичната реакција на Никола Којо откако натпреварувачот не го знаел одговорот на прашањето за филмот „Недела“.

Имено, на учесникот му било поставено прашањето „За кој пејач од Дорќол е филмот „Недела“?“, а по кратко размислување, натпреварувачот одговорил: „Тома Здравковиќ?“.

Којо потоа со комична гримаса на лицето дал до знаење што мисли за овој одговор и потоа нагласил дека точниот одговор е Џеј Рамадановски.

На многумина им била смешна разочараната реакција на Којо и напишаа дека „сè кажал со поглед“.

За потсетување, филмот „Недела“ беше премиерно прикажан во јануари, а ја следи животната приказна на легендарниот изведувач на народна музика Џеј Рамадановски, кој почина на 6-ти декември 2020 година од срцев удар.

Инспириран од вистински настани, филмот ја раскажува приказната за Џеј од неговата најрана младост до големиот успех кој го оствари.

Ликот на пејачот го толкуваше Хусеин Алијевиќ, а актерската екипа покрај него ја сочинуваат Марко Јанкетиќ, Стефан Вукиќ, Алексеј Бјелогрлиќ, Ален Селими, Ана Пиндовиќ, Златан Видовиќ, Маша Ѓорѓевиќ, Милица Јаневски, Стојша Ољачиќ, Бајрам Северџан, Нела Михајловиќ и други.