Антиоксидантите се есенцијални соединенија кои помагаат во неутрализирање на слободните радикали во телото. Овие соединенија ги штитат клетките од оштетување и го намалуваат ризикот од хронични болести, а во организмот можат да се внесат и преку храната.
Познато е дека одредена храна е богата со антиоксиданти, а овие 5 намирници се сметаат за најдобар извор на овие соединенија.
Бобинки
Бобинките, како што се јагоди, боровинки, малини и капини, се богати со антиоксиданти како флавоноиди, антоцијани и витамин Ц. Овие соединенија, кои се наоѓаат во бобинките, помагаат во борбата против оксидативниот стрес и воспалението.
Темно чоколадо
Темното чоколадо содржи флавоноиди кои имаат моќни антиоксидантни својства, пренесува „Health Shots“. Редовното консумирање темно чоколадо може да го подобри здравјето на срцето и да го намали ризикот од одредени болести.
Јаткасти плодови
Јаткастите плодови се познати по многуте придобивки и се богати со антиоксиданти и витамин Е, особено бадемите, оревите и ф'стаците. Вклучувањето на јаткасти плодови во исхраната може позитивно да влијае на здравјето на срцето и да заштити од оксидативен стрес.
Лиснат зеленчук
Зеленчукот како спанаќот, кељот и блитвата се одлични извори на антиоксиданти како витамин Ц, витамин Е и бета-каротен. Овие хранливи материи помагаат во зајакнувањето на имунолошкиот систем и го намалуваат воспалението, пишува „Health Shots“.
Домати
Доматите се богати со ликопен, моќен антиоксидант кој е поврзан со намален ризик од срцеви заболувања и одредени видови на рак. Доматите може да се јадат на повеќе начини, но „Health Shots“ наведува дека готвењето на доматите ја зголемува биорасположивоста на ликопенот. Терминот биорасположивост значи количество на супстанција што стигнува во крвта на различни начини, вклучително и преку храната.