„Business Financing“: Најлошиот аеродром на светот се наоѓа во Европа – терминалот е премал, се наплаќа користење тоалет...

Точка

06/03/2024

16:17

14.857

Големина на фонт

а а а

Британски „Business Financing“ врз основа на анкетата од патниците, го прогласил белгискиот аеродром Шарлоа за најлош на светот.

„Business Financing“ рангирал 20 најлоши меѓународни аеродроми за патниците, а речиси половина од нив се наоѓаат во Европа, вклучувајќи и шест во Велика Британија.

Ниту еден од 20 најлоши аеродроми нема просечна оцена поголема од 2 од 10, а најлош е аеродромот во Белгија којшто има просечна оцена од 1,20.


Еден патник изјавил дека Терминалот 2 речиси и да не се користи на овој аеродром и дека „сите патници стојат како стока на премалите капии од Терминалот 1“.

Тој додал дека влегувањето секогаш е во исто време низ чии капии мора да поминат и патниците кои се враќаат од пат, но исто така таму се плаќа и користењето тоалет, што не е случај на другите аеродроми.


Аеродромот неодамна вовел нов систем на вештачка интелигенција за оптимизирачка ефикасност и безбедност со име „Мониторинг на животната средина и движење за аеродромите“ (EMMA).

Студијата на „Business Financing“ покажува дека 14 од 20 најдобри меѓународни аеродроми за патници се наоѓаат во Азија и на Блискиот исток.

Останатите се во Европа, освен 19-от – Меѓународниот аеродром Мидвеј во Чикаго во САД којшто има просечна оцена 4,37 од 10.


Во Велика Британија нема врвни аеродроми.

Најдобриот аеродром од сите Меѓународниот аеродром е Нои Баи во Ханој во Виетнам. Патниците му дале просечна оцена 6,80.

„Овој аеродром има неверојатна низа на објекти“, вели еден патник и додал дека терминалите се исклучително чисти и дека луѓето кои работат во аеродромите се многу љубезни.

„Достапен е и одличен извор на храна“, наведува тој.