Де Зерби прв пик на Челси

Макфакс

05/03/2024

15:18

1.242

Големина на фонт

а а а

Како што одминува сезоната, се поизвесно е дека Челзи повторно ќе го смени тренерот. Маурисио Покетино има мали шанси да остане на клупата на тимот од „Стемфорд Бриџ“.

Челзи , го загуби финалето во Лига купот, се пласираше во четвртфиналето во ФА Купот. Прашање е дали евентуалниот триумфот во ФА купот може да го спаси Аргентинецот од отказ.

Англиските медиуми пишуваат дека челниците на Челси интензивно бараат тренер за следната сезона. Прв пик е Роберто де Зерби.

Италијанецот е еден од најценетите тренери на новата генерација, со модерни идеи.

Де Зерби дојде во Брајтон по Греам Потер, кој од Брајтон замина во Челзи. Прашање е дали историјата ќе се повтори?

Инаку, покрај Челси за Де Зерби интерес покажувата Ливерпул и Манчестер јунајтед.

Доколку не им успее планот со Де Зерби, втор пик на „сините“ е тренерот на Спортинг, Рубен Аморим.



Спонзорирани линкови

Маркетинг