Почна потпишувањето за кандидатурата на Силјановска-Давкова, ВМРО-ДПМНЕ очекува да бидат собрани за еден ден

Макфакс

03/03/2024

10:32

1.611

Големина на фонт

а а а

Денеска се собирааат потписите за кандидатурата на професорката Силјановска Давкова за пртседател на државата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека кандидатурата на професорката Силјановска Давкова покрај со потписите и поддршката од 30 пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе биде поткрепена и со над 10.000 граѓански потписи.


„Профероската Силјаноска Давкова целата своја научна кариера ја има посветено на промоција и одбрана на демократијата како начин на уредување, и централната улога на граѓаните во неа, затоа и покрај тоа што таа има поддршка од 30 пратеници, поддршката од граѓаните е најзначајна“, велат од ВМР0-ДПМНЕ.

Очекувањата на партијата се дека потписите од граѓаните ќе бидат собрани за еден ден.



Спонзорирани линкови

Маркетинг