Човек починал од прекумерно земање на овој витамин како суплемент со месеци: Судскиот вештак изјавил дека ризиците од преголема доза сè уште доволно не се разјаснети

Точка

02/03/2024

16:40

27.077

Големина на фонт

а а а

Дејвид Миченер (89) починал откако девет месеци земал прекумерни дози на витамин Д.

„На пакувањето немаше предупредување за несаканите ефекти од додатокот на витамин Д или детали за ризиците. Според мене, постои ризик од повеќе вакви случаи во иднина доколку нешто не се преземе“, се вели во извештајот на судскиот лекар.

Пост пишува дека извештајот од обдукцијата покажал дека нивото на витамин Д во телото на несреќниот човек било 3880, што е максималното ниво што може да се забележи. Харвард препорачува возрасните да го задржат нивото на витамин Д на 30.


Во однос на дозата, 600 меѓународни единици (IU) е препорачаната количина за повеќето возрасни. Земањето 60.000 или повеќе IU дневно неколку месеци може да предизвика предозирање, според Клиниката Мајо.

Миченер првпат се појавил во болница со хиперкалцемија, или високи количини на калциум во телото, што обично е предизвикано од високо ниво на витамин Д.


Покрај вишокот на витамин Д, кај мажот е откриена и конгестивна срцева слабост, хронична бубрежна инсуфициенција, хиперкалцемија и исхемична срцева болест. Сепак, поради високите нивоа на пронајден витамин Д, лекарот предупреди дека „витаминските додатоци може да имаат потенцијално многу сериозни ризици и несакани ефекти доколку се земаат во прекумерни количини“.

Витаминот Д е важен за повеќе функции на телото и е најодговорен за помагање на телото да го апсорбира калциумот. Исто така, игра важна улога во имунолошкиот систем и здравјето на мускулите и нервите на телото. Луѓето можат да добијат витамин Д од храна, сончева светлина или додатоци, но многумина страдаат од недостаток, особено во зимските месеци.




Спонзорирани линкови

Маркетинг