Иранката која беше избрана за Мис Германија на мета на критики, таа навела: „Малкумина се оние кои шират омраза, но гласно рикаат“

Точка

02/03/2024

12:16

6.336

Големина на фонт

а а а

Иранката Апаме Шонауер неодамна стана Мис Германија и со тоа наиде на критики на социјалните мрежи.

„Луѓе, ајде да покажеме во коментари дека можеме и ја славиме различноста. Напишете ги во коментари вашите корени, без разлика дали се германски, персиски, португалски, хрватски, јапонски, нигериски, јужноафрикански, австралиски, бразилски или кои било други. Малкумина се оние кои шират омраза, но гласно рикаат. Затоа, да бидеме погласни и да ги надвладееме со љубов. Љубезно потсетување: омразата не е мислење“, напишала таа.

Претходно Шонауер напомена дека ќе ја искористи својата титула за да се залага за сиромашните и угнетените жени, особено оние од Иран.

На овогодишното издание немаше возрасна граница за натпреварувачките, што е уште една позитивна промена. Апаме има 39 години. Кога имала 6 години, побегнала со мајка си од Иран во Германија.

„Сè уште не можам да верувам. Луѓе, брз потсетник - од 2019 година Мис Германија е награда за жени кои преземаат одговорност. Кои се критериумите? Професионалност, потенцијал за развој, инспирација и мисија", напиша таа неодамна на Инстаграм.



Спонзорирани линкови

Маркетинг