Маск е бесен и ќе тужи: „Ова е тотално предавство“

Точка

01/03/2024

18:16

19.521

Големина на фонт

а а а

Американскиот милијардер и бизнисмен Илон Маск пред судот во Сан Франциско поднесе тужба против калифорниската компанија „OpenAI“.

Тој поднел тужба против компанијата „OpenAI“, нејзиниот коосновач Сем Алтман и Грег Брокман и придружните ентитети, наведувајќи дека тужените ги прекршиле своите договори во кои се наведува дека ќе ја развиваат вештачката интелигенција во корист на човештвото.

Маск тврди дека Алтман и Брокман во 2015-та година го убедиле да им помогне во основањето и финансирањето на тогашниот старт-ап „OpenAI“ и му ветиле дека тоа ќе биде непрофитна организација фокусирана на сузбивање на конкурентните закани од страна на „Google“, пренесува порталот „Techcrunch“.


Договорот за основање барал „OpenAI“ својата технологија да ја направи слободна достапна на јавноста, се наведува во тужбата.

„OpenAI“, компанијата која стои зад генеративниот систем на вештачка интелигенција „ChatGPT“, и покрај тоа премина на профитен модел на работење по склопување на партнерство со „Microsoft“, кој во неа вложи околу 13 милијарди долари.

„Во реалноста, меѓутоа, „OpenAI“ е претворена во де факто филијала на најголемата технолошка компанија во светот, „Microsoft"“, стои во тужбата, додавајќи дека „OpenAI“ ја усовршува вештачката интелигенција за да го максимализира профитот на „Microsoft“, а не за да му служи на човештвото.


Смета дека оваа постапка е тотално прекршување на Договорот за основање на тогашниот старт-ап „OpenAI“. Маск, според тужбата, во периодот од 2016-та година до септември 2020-та година на „OpenAI“ и дал повеќе од 44 милиони долари и во првите неколку години на компанијата бил нејзин најголем инвеститор.

Илон Маск го напушти управниот одбор на „OpenAI“ во 2018-та година и одбил по заминувањето да прифати удел во компанијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг