[ВИДЕО] Овој филм стана најскапиот којшто некогаш бил снимен: Режисерот Ридли Скот се плаши од уште едно промашување

Точка

01/03/2024

17:32

9.294

Големина на фонт

а а а

Буџетот за новиот филм „Гладијатор 2“ на Ридли Скот се зголеми на неверојатни 310 милиони долари.

Тоа ја зголемило загриженоста околу тоа дали филмот ќе се исплати, со оглед на големите очекувања и актерската екипа составена од големи ѕвезди.

Ридли Скот се соочува со сѐ поголем притисок затоа што „Гладијатор 2“ треба да го надмине претходниот филм со најголема заработка, „Марсовец“.

Долгоочекуваното продолжение така станало еден од најскапите филмови кои некогаш биле снимени, што предизвикало загриженост после последното промашување на Скот.


Неговиот филм „Наполеон“ од 2023 година со Хоакин Феникс и Ванеса Кирби во главните улоги, имал огромен буџет од 200 милиони долари и се борел да стане профитабилен на светските благајни.

Меѓутоа, филмот заработил „само“ околу 61,5 милиони долари на домашните благајни, а „само“ 218 милиони долари ширум светот, со што најновиот биографски блокбастер на Ридли Скот „пропаднал“, пишува „Screen Rant“.


Инаку, главните улоги во филмот „Гладијатор 2“ ќе ги толкуваат Пол Мескал, Дензел Вашингтон, Педро Паскал и Дерек Џејкоби.

Премиерата за „Гладијатор 2“ е најавена на 22 ноември 2024 година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг