Поголем дел од луѓето грешат: Кој е најголемиот неуспех во животот – според рускиот психолог

Точка

01/03/2024

15:53

4.837

Големина на фонт

а а а

Многу од луѓето погрешно перципираат одредени животни ситуации – како неуспех.

Општеството често ги стигматизира луѓето кои се занимаваат со работа како домар или кои живеат со родителите после одредена животна доба. Но, вистина е дека неуспехот не изгледа секогаш онака како што поголем дел од луѓето го замислуваат.


Психологот Михаил Лабковски со право истакнува дека неуспехот може да се дефинира само низ надворешните околности. Исто така тој додал: „Дали сакате да ви кажам што всушност е неуспех?“.

Неуспех е кога секој ден го поминуваш неисполнет, без остварување на своите желби и цели. Неуспех е кога извршуваш работа која општествено е престижна, но длабоко однатре ја мразиш.

Неуспех е кога ќе се венчаш за личност која е интелигентна, перспективна и атрактивна, но не чувствуваш љубов кон неа.

Неуспех е кога константно ги броиш калориите со настојување да постигнеш некој идеал на туѓо тело.

Неуспех е кога цел живот сонуваш за тоа да напишеш роман, но се плашиш да продолжиш поради страв од неуспех.

Неуспех е секс без страст, извршен само од чувство на должност наместо искрена желба и привлечност.


Неуспех е кога живееш со личност која не те сака, разбира и не се грижи за тебе, но твоите мисли лутаат кон некој друг.

Неуспех е кога твоето дете само со тебе сака да игра, а ти наместо тоа сакаш да бидеш оставен на мир.

Неуспех е кога сонуваш совршен појадок со кроасан и читање весник, но наместо тоа брзаш со хемиски направена каша додека седиш зад воланот од автомобилот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг