[ФОТО] Американското летало на Месечината престана да работи, но прати фотографија која морате да ја видите

Точка

01/03/2024

14:52

21.086

Големина на фонт

а а а

Првото американско летало кое слета на Месечината по 1972-ра година престана да работи ноќта меѓу четвртокот и петокот. Со тоа сондата „Одисеј“, која по нарачка на НАСА а разви приватната компанијата „Intuitive Machines“, ја заврши својата одисеја во вселената.

„Пред да ја истроши енергијата, „Одисеј“ прати последна порака. Пристигна денеска, оваа фотографија од 22-ри февруари ја покажува Земјата во позадина, што е суптилен потсетник за човечкото присуство во вселената. Убава оќ. Се надеваме дека повторно ќе те слушнеме“, порачале од „Intuitive Machines“ на платформата „X“.

Леталото „Одисеј“ се спушти во областа на лунарниот јужен пол на 22-ри февруари. Откако леталото „Peregrine“ доживеа дебакл околу еден месец порано, ова беше голем успех за американската вселенска агенција НАСА.

Само пет држави досега успешно спуштиле летало на Месечината. Први тоа го направија САД и СССР, но во 70-тите години ги прекинале лунарните мисии, додека во 21-от век тоа успешно го направија Кина, Индија и Јапонија. Првите обиди за руско и американско враќање на Земјиниот сателит завршија неславно – „Luna-25“ се распадна при спуштањето во август, а „Peregrine“ доживеа дебакл уште во Земјината орбита.

„Америка се врати на Месечината, прв пат после половина век. На осмиот ден од своето патување од четвртина милиони милји, „Intuitive Machines“ успешно го изведоа слетувањето на животот. Тоа е голем успех за компанијата, „SpaceX“ и НАСА. Каков триумф е ова за човештвото. „Одисеј“ ја освои Месечината“, порача Бил Нелсон, администратор на НАСА, со што потврди дека леталото успешно слетало.

За праќање на „Одисеј“ на Месечината НАСА плати 118 милиони долари и тоа е дел од јавно-приватното партнерство и програмата „Artemis“, со која планираат да пратат луѓе на лунарната површина во наредните неколку години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг