[ВИДЕО] Знаете ли зошто стјуардесите при полетување на авионот седат на дланките? Ова би можело да ве изненади

Точка

29/02/2024

14:00

12.888

Големина на фонт

а а а

29-годишната Лим ги открива тајните на фасцинантната безбедносна процедура која таа и нејзините колеги ја следат за да го намалат ризикот од телесни повреди во итни случаи.

Полетувањето во облаците понекогаш може да резултира со проблеми. Но, кога ќе дојде до неволја, заземањето на оваа позиција е добра за стјуардесите.

„Дали некогаш сте се запрашале зошто членовите на кабинскиот персонал седат на раце во текот на полетувањето и слетувањето?“, прашала Хени Лим, стјуардеса на авиокомпанијата „Cebu Pacific“ на Филипините во ТикТок видео.

„Тоа се нарекува положба за поддршка“, пренесува „New York Post“.

Во видеото кое има повеќе од 30 илјади прегледи, 29-годишната Лим ги открила тајните на фасцинантните безбедносни процедури на кабинскиот персонал.

„Оваа поза вклучува цврсто врзување на безбедносниот појас, исправена положба, седење на рацете при што дланките се свртени нагоре, палците вовлечени и рацете опуштени, и поставување на стапалата рамно на подот“, објаснила Хени. „Целта е да се задржи телото во цврста положба за да не дојде до повреда во случај на непланирана итна ситуација“.

Лим и нејзината колешка го демонстрирале таквото држење, врзувајќи се за седиштата, со пикнати раце под телото.

„Ова го ограничува движењето на телото така што постои помала можност за повреда доколку дојде до проблем“, објаснила таа, додавајќи дека кабинскиот персонал не седи само со скрстени раце доколку дојде до тешкотии во воздухот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг