Глупавата личност може да ја препознаете по овие 6 знаци: Арапски мудрости кои секогаш треба да ве водат низ животот

Точка

29/02/2024

22:32

23.270

Големина на фонт

а а а

Арапскиот свет е полн со мудри изреки кои треба да ги прочитате и знаете затоа што таа мудрост опстојува со векови.

Во продолжение ви пренесуваме стари арапски мудрости кои треба да ги знаете:

„Глупава личност може да се препознае низ 6 работи: бес без причина, говор без корист, промена без напредок, истражување без цел, доверба во странци и мешање на непријателите и пријателите“.


„Доколку е далеку од очите, далеку е и од срцето“.

„Човекот којшто бара совршено пријателство, ќе остане без пријатели“.

„Кафето треба да биде црно како пеколот, јако како смртта и слатко како љубовта“.

„Како што црвите го уништуваат дрвото така и грижите го уништуваат човекот“.

„Надежта е леб за сиромашните“.

„Не знае многу оној којшто многу живее, туку оној којшто многу патува“.

„Не е срамота да прашате, туку да не знаете“.

„Раката која дава е над раката која прима“.

„Ситиот човек не знае што е глад и здравиот човек не знае што е болест“.


„Во селото каде има премногу пејачи, утрото ќе доцни“.

„Во срцето на секој човек скриен е лав“.

„Во здравиот човек имотот е цел“.

„Љубовта прави времето да поминува, времето прави да поминува љубовта“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг