„Воопшто не се сеќава на својата кариера“: Тажни вести за една од најубавите актерки во историјата која со славниот Хичкок имала чуден однос

Точка

28/02/2024

14:37

2.726

Големина на фонт

а а а

Жената која се плаши од птици, но живее со десеттина лавови и тигри денес води тешка борба.

Славната актерка Типи Хедрен (94) моментално се бори против деменцијата и воопшто „не се сеќава на својата кариера“, потврдиле нејзините претставници за медиумите.

Жената со богата биографија е најпозната по улогата во ремек-делото на Хичкок, „Птици“ од 1963 година.

Шпанскиот новинар Густав Егусквизи замолил да направи интервју со славната дива, но му било кажано дека таа повеќе не е во состојба да дава интервјуа поради здравствени причини.


„Има деменција и воопшто не може да се сети на својата кариера“, објаснил тој.

„Штотуку наполни 94 години и за жал времето си го зема својот данок. Тоа се ужасни вести за обожавателите на Типи Хедрен ширум светот“.

Големата кариера на Типи Хедрен и односот со Хичкок

И пред да стане една од најпознатите актерки на светот, Типи, родена како Натали Кеј Хедрен во Минесота, била многу забележителна. Во раната младост од родниот Њу Улм отишла во Њујорк и тропнала на вратата од популарната агенција „Ејлинг Форд“ во обид да стане модел. .

Агентите биле воодушевени од нејзината убавина, па таа за кратко време почнала да шета по модните писти, а потоа ја забележала и првата улога во мјузиклот „The Petty Girl“.


Одреден период паралелно ја градела и филмската кариера, а Алфред Хичкок ја забележал во реклама за напитокот „Sego“ и веднаш почнал да трага по неа. Штом ја пронашол ѝ понудил седумгодишен договор.

Во текот на едно од нивните дружења додека биле на ручек со сопругата на Хичкок и директорот на студиото „Universal“, режисерот ѝ ја понудил улогата во „Птици“.

Како што признала, тогаш била толку среќна што заплакала пред него затоа што не можела ниту да се посомнева дека ќе ја толкува главната улога во еден од филмовите на холивудска продукција.

Меѓутоа, снимањето поминало во страшна атмосфера – актерката имала голем страв од птици.

Во текот на снимањето на сцените со нападот од птици, едни од највпечатливите во историјата, гавранот ја гризнал Типи за образ во близина на окото, а тоа е само еден од страшните моменти од сетот.

„Беше брутално, грозно и немилосрдно“, напишала Типи во својата автобиографија сеќавајќи се на снимањето на филмот.

Наводно, Хичкок бил опседнат со Типи како и со сите свои филмски русокоси, а актерката во своите мемоари своевремено напишала дека се обидел да ја бакне на сила во два наврати.

Често му се заканувала дека ќе го прекине договорот со него, а тој за возврат ѝ се заканувал дека ќе стави крај на нејзината кариера.

Приватниот живот на Типи Хедрен

Типи се венчала на 18 години со Питер Грифит, детски актер, а потоа успешен бизнисмен во сферата на маркетингот.

Со него ја добила ќерката Мелани Грифит, која потоа почнала да чекори по стапките на мајка си.

По разводот од Грифит, Типи се венчала за продуцентот Ноел Марчап, а последниот брак го имала со бизнисменот Лусио Баренеле. 

Во своите 80-ти години таа изјавила дека и натаму го чека мажот којшто навистина ќе ја воодушеви.

Додека ја чекала љубовта за крајот од животот, Типи се сместила на ранч во Актон каде живее опкружена со големи мачки со кои е опседната. Наводно во еден момент имала дури 150 диви животни, а нејзините миленици се лавовите и тигрите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг