Откако Лорен Санчез се појави на насловната страница на „Vogue“, а Ана Винтур даде отказ, сѐ погласни се шпекулациите дека Безос на сопругата ќе ѝ го купи најмоќниот магазин на светот.
Замислете сопругот на венчавката да не ви подари прстен ниту куќа туку најмоќниот моден магазин на светот. Доколку им веруваме на гласините од Њујорк, токму тоа планира да го направи Џеф Безос којшто би можел да ја купи компанијата „Conde Nast“ и легендарниот „Vogue“ само за да ја израдува својата нова сопруга Лорен Санчез.
Доколку овие гласини се покажат за точни, светот на модата ќе влезе во ера каква досега не видел. Комбинацијата на најбогатиот човек на светот, поранешната новинарка која се појави на насловната страница на „Vogue“ и повлекувањето на легендарната Ана Винтур од магазинот, би можело да го донесе најголемиот пресврт во историјата на модната индустрија.
Лорен на насловна, Ана во сенка – случајност или стратешки потег?
Славната Лорен Санчез, новопечената госпоѓа Безос, месецов се појави на дигиталната насловна на „Vogue“ во венчаница „Dolce&Gabbana“ која лично ѝ ја избрала Ана Винтур, најмоќната жена во светот на модата која штотуку се повлече од функцијата главна уредничка на магазинот по 37 години.
И, додека официјални извори негираат дека има некаква продажба во план, според пишувањата на „Daily Mail“, вработените во модниот гигант „Conde Nast“ имаат друго чувство.
„Ова е единствената работа за која сите зборуваат“, изјавил инсајдер.
„Лорен не е типична ѕвезда за насловна на Vogue, затоа сите веруваат дека тоа е дел од пошироката стратегија. Некој се обидува да го „омекне“ Безос и да го подготви теренот за аквизиција“.
Безос како издавач? Ова не би бил негов прв чекор во медиумите
Џеф Безос не е непознат во светот на издаваштвото. Да ве потсетиме, во 2013 година го купил „The Washington Post“ за 250 милиони долари кеш, прекинувајќи ја семејната традиција на Грахам долга четири децении.
Поради тоа ни приказните за можното преземање на „Vogue“ не делуваат како невистинити. Особено доколку се земе предвид дека вработените во Европа и Њујорк се погодени од бран откази.
„Тоа се класични знаци за подготовка за продажба“, вели друг извор од компанијата.
Дали Ана Винтур сѐ „диригира“?
Можеби најголемиот знак дека нешто навистина се случува е повлекувањето на Ана Винтур од позицијата главна уредничка.
Иако и натаму води глобални операции, нејзиното место како „лице на Vogue“, повеќе не постои.
„Ана беше последната уредничка на светот со толкава моќ“, велат извори.
„Сега кога сите редакции добија глобални директори, нејзиното заминување делува како сигнал дека се подготвува нова фаза. А, доколку има удел во компанијата, како што се претпоставува, има и многу да добие со евентуалната продажба“.
Каде што има чад...
Уште една интересна работа: директорката на европската операција на „Vogue“ Наталија Гамеро дел Кастиљо, одеднаш се повлекла минатата недела, наводно поради реструктурирање, но колегите се сомневаат дека токму тоа се поврзува со големиот пресврт на компанијата.
„Сите зборуваат дека Vogue ќе се продаде на Безос. Или ќе го згаснеме или ќе станеме модна секција Amazon“, рекол некој од вработените во магазинот саркастично.
Љубов, моќ и насловни
Интересно е тоа што Безос, Санчез и Винтур биле забележани заедно во првите редови на модните ревии години наназад. Нивниот однос очигледно е дека е повеќе од близок, а сега би можел да стане и деловен.
И додека сите светски медиуми шпекулираат, едно е сигурно, доколку Безос навистина го купи „Vogue“ тоа нема да биде само свадбен подарок туку и сигнал дека модата, моќта и милијардите се повеќе се преплетуваат.